„Согласно законските одредби, ќе бидат организирани предвремени избори за Советот на Општина Тетово“, нагласи Хоџа.
Владата на вчерашната седница донесе решение за распуштање на Советот на Општина Тетово.
Од Владата вчера посочија дека причината за распуштање на Советот на Општина Тетово е исполнување на еден од условите во член 75 од Законот за локална самоуправа, според кој општинските совети ќе бидат распуштени, ако не ја донесат завршната сметка на Буџетот до 31 март, како што е предвидено со законската одредба.