Изјава на владин портпарол

Испочитувани се роковите за распуштање на Советот на Тетово, вели Хоџа

Сите законски рокови за распуштање на Советот на Општина Тетово се испочитувани. По донесувањето на вчерашната владина одлука за распуштање на Советот на Општина Тетово, натамошната процедура продолжува во Собранието, по што ќе бидат распишани вонредни избори за нов Совет", изјави на денешната прес-конференција портпаролот на Владата Муамет Хоџа, одговарајќи на новинарско прашање зошто Владата доцни еден месец, согласно роковите, со распуштање на советот на тетовската локална самоуправа.

„Согласно законските одредби, ќе бидат организирани предвремени избори за Советот на Општина Тетово“, нагласи  Хоџа.

Владата на вчерашната седница донесе решение за распуштање на Советот на Општина Тетово.

Од Владата вчера посочија дека причината за распуштање на Советот на Општина Тетово е исполнување на еден од условите во член 75 од Законот за локална самоуправа, според кој општинските совети ќе бидат распуштени, ако не ја донесат завршната сметка на Буџетот до 31 март, како што е предвидено со законската одредба.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе