ИРИ: Заев со најголема доверба меѓу граѓаните, Мицкоски втор, Груевски трет

Според истражувањето спроведено на регионално ниво од Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), претседателот на СДСМ Зоран Заев ужива поголема доверба од граѓаните, наспроти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На прашањето на кој политичар или јавна личност најмногу му верувате, осум проценти од испитаниците во земјава одговориле „на Зоран Заев“, а втор на листата е Христијан Мицкоски со седум отсто. Според истражувањето, поранешниот премиер Никола Груевски е на третото место со два отсто доверба кај граѓаните.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети и претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села уживаат исто ниво на доверба од два проценти. Меѓу институциите, најголема доверба уживаат религиозните институции и Армијата. Во конкуренција на шефот на државата, премиерот и опозицијата, најдобро стои претседателот, а премиерската канцеларија и опозицијата имаат слична поддршка.

Истражувањето е спроведено во име на Центарот за анкетни истражувања на ИРИ од Ипсос Босна и Херцеговина меѓу 2 февруари и 6 март 2020 година. Податоците се собрани преку интервјуа „лице в лице“.

 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе