Анкета

ИРИ: Повеќе од половина од граѓаните не ги поддржуваат актуелните градоначалници

Невработеноста и ковид-19/достапност на вакцини се двата најголеми проблеми во Македонија, покажува последната анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

Според резултатите од анкетата, во земјата има загриженост во врска со темпото на пристапување кон Европската унија, а граѓаните се чувствуваат обесхрабрени од градоначалниците и локалните претставници пред изборите кои треба да се одржат оваа есен.

Пристапувањето во Европската унија има 79% поддршка од јавноста. Сепак, процентот на оние кои сметаат дека Македонија денес е поблиску до влез во ЕУ отколку во 2005 година, кога првпат доби кандидатски статус, во последните три години падна од 57% на 32%.

„Одложувањата и назадувањата на процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ, неодамна поради ветото на Бугарија, се чини дека влијаат врз убеденоста на граѓаните дека може да има напредок во пристапниот процес“, вели Пол Мекарти, директор на ИРИ за Европа.

Сепак, тој додава дека за среќа, ова не го намалил нивниот ентузијазам за потенцијално долгорочната цел за пристапување во ЕУ.

На прашањето кој е најважниот проблем, најголемиот дел од граѓаните (23%) ја навеле невработеноста, како и пандемијата и загриженоста за достапноста на вакцини против ковид-19 (22%).

Анкетата исто покажува дека граѓаните на Македонија имаат ниска доверба во нивните локални претставници пред изборите што се очекува да се одржат во октомври. На прашањето дали би го поддржале градоначалникот на нивната општина за повторно да биде избран, половина од испитаниците (53%) рекле дека би требало да се избере друг кандидат.

„Повеќе од една година подоцна, пандемијата сѐ уште е примарна грижа за граѓаните на Северна Македонија, кои исто така се грижат за достапноста на вакцините и за економските последици од ограничувањето на движењето и затворените бизниси. На локално ниво, граѓаните можеби ќе бараат промени на претстојните избори, што ги зголемува шансите на опозициските кандидати“, рече Мекарти.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе