Надминување на проблемите?

Институтот за македонскиот јазик доби лаптопи, се чека платата

Директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков" вели  дека очекува од Владата да ги забрза активностите како би ја добиле платата која доцни, да бидат обезбедени 15 вработувања во Институтот како и средства за реализација на десетина замрени проекти. Во изминатата година се објавени 16 изданија, а се добиени и лаптопи за онлајн работење.

Директорката на Институтот „Крсте Мисирков" Елена Јованова Грујовска денеска, на отворањето на Меѓународната конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања (дома и надвор)", додели благодарници за морална и финансиска поддршка на Институтот и ги соопшти активностите од минатогодишните до годинашните Отворени денови во чии рамки беше и денешната конференција. Рече дека по 11 години добиле покачување на платите,но дека сега платата доцни, добиле и средства за минат труд, лаптопи со кои можат да работат онлајн, за една година објавиле 16 изданија, меѓу кои и обемниот зборник „Погледи за македонскиот јазик", а од септември до сега организирале три конференции.

Јованова Грујовска очекува за идната година објавување на електронско издание на Толковниот речник и рече дека во буџетот за 2021 година ќе бидат обезбедени средства за 15 вработувања во Институтот за македонски јазик, а најмалку уште толку и за другите национални институти.

„Во моментов Министерството за образование и наука интензивно работи на законско решение за нашите колеги на кои им треба уште извесно време за завршување на докторатите. Со продолжување на рокот за уште пет години, Министерството покажува грижа за научниот кадар во сите фази од развојот.

Солидарни сме со колегите и искажуваме молба до министерката и премиерот за поскоро решавање на проблемот за да можеме сите да земеме плата. Останува уште повторното финансирање на проектите што е замрено веќе десет години", рече директорката на Институтот во поздравното обраќање.

Претседателката на Организацискиот одбор на дводневната меѓународна конференција Лидија Тантуровска соопшти дека ќе имаат 37 учесници денеска и уште 15 утре, а од нивните реферати ќе биде објавен зборник, а потсети дека е промовиран зборник со 39 реферати од минатогдишните, четврти Отворени денови на Институтот.

Во своето обраќање пред учесниците на Конференцијата премиерот Зоран Заев порача дека Кконференцијата испраќа силна порака за негување, заштита и унапредување, афирмација и поддршка на употребата на македонскиот јазик.
Владата, рече Заев, е посветена да го негува и да го унапредува македонскиот јазик и затоа го прогласи 5 Мај за Ден на македонскиот јазик, Правописот го направи достапен за сите со одлуката да се објави во електронска форма, почна и иницијатива за измени и дополнување на Законот за употребата на македонскиот јазик, а продолжува да ја поддржува и издавачката дејност на Институтот, како и продукцијата на голем број книжевни дела преку Министерството за култура.

„Сè дури постои македонскиот јазик, ќе постојат и Македонците. Сè дури постојат Македонците, ќе постои и македонскиот јазик. Тие две нешта не можат едно без друго, затоа што тие постоеле, постојат и ќе постојат во убавата и нераскинлива симбиоза. Тоа е јазикот на книжевниците кои оставаат печат на своето творештво, тоа е јазикот на кој се школувале генерации успешни академици, доктори, инженери, новинари, културни работници и сите останати. Тоа е јазикот кој се изучувал на 30-ина универзитети низ целиот свет и денеска продолжува да се изучува. И конечно, тоа е и мојот јазик, јазикот на мојата мајка, учителка во пензија, која целиот свој работен век образуваше и воспитуваше огромен број ученици. Тоа е јазикот со кој живееме, со кој се сакаме и со кој споделуваме добро и зло, се радуваме и тагуваме", истакна Заев.

Во годината кога се одбележуваат 75 години од кодификацијата на современиот македонски јазик и придонесот на Блаже Конески, не смееме, рече тој, да заборавиме и на Крсте Петков Мисирков и на сите преродбеници кои многу одамна се бореа македонскиот јазик да добие своја стандардизација и кодификација.

Премиерот Зоран Заев најави дека во чест на Блаже Конески идната година, по повод еден век од неговото раѓање. датумот на неговото раѓање е впишан и на Листата на УНЕСКО за одбележување значајни јубилеи во светот во текот на 2021 година.

 

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе