Реакција

Институт за национална историја: Нема да прифатиме какви било политички влијанија

Институтот за национална историја категорично ги осудува сите форми на политичко оспорување на македонската историографија, на македонската национална историја и идентитетот и порачува дека својата научна дејност нема да ја подреди на какви било политички влијанија. 

Институтот за национална историја реагира на тоа што се прават обиди политиката да интервенира во науката. 

Во продолжение соопштението во целост:

Институтот за национална историја претставува најстара научна
установа во македонската држава, чијашто дејност е приоритетно фокусирана
на научното проучување на историските процеси од минатото на македонскиот
народ и нација, на етничките заедници, како и на релациите со соседните
балкански народи и држави.
Во многубројната научна продукција на Институтот се анализираат и балканските политики во однос на македонското прашање и македонизмот, чиишто рефлексии можат да се согледаат и во актуелните состојби.

Во согласност со својата потврдена професионалност и научна релевантност во историските истражувања, Институтот не може да не реагира во услови кога политиките директно задираат во науката и особено кога со политички меморандуми цела една нација и историска наука се квалификуваат како фалсификаторство и се повикува на целосна ревизија на историјата на македонскиот народ и нација. Евроинтеграциите на македонската нација не смее да се условуваат со ултимативно прифаќање на „историски вистини" од други национални историографии.

Историјата и нејзината интерпретација мора да бидат детерминирани исклучиво од научна етика и претендирање кон објективност и во тој контекст не смее да се доведува во врска со потребите на политиката, ниту на било каков начин да биде условено од политичките влијанија, што е во целосна спротивност со европските демократски принципи.

Имајќи ја предвид природата на научната мисла, која е неопходно да биде слободна и независна, а не политички условена, Институтот го изразува својот категоричен став на осуда на сите форми на политичко оспорување на македонската историографија, на македонската национална историја и идентитетот. Институтот нема да ја подреди својата научна дејност на било какви политички влијанија!

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе