По денационализацијата на имотот во центарот на Скопје

Инспектори на УЈП проверуваат дали и колку МПЦ-ОА плаќала даноци во последниве години

Службите на Упрвата за јавни приходи (УЈП) вршат проверка за утврдување и оценување на состојбите во МПЦ-ОА Скопје што се од важност по однос на даноците, потврдуваат од Управата. УЈП засега не откриваат други детали за наодите до кои дошле и се повикуваат на тоа дека тие податоци се „даночна тајна".

„Секоја дополнителна информација во овој момент би значела прекршување на Законот за даночна постапка во делот на даночната тајна“, велат од УЈП.

Од МПЦ-ОА засега само одговараат дека тие не подлежат на такви контроли. Македонската православна црква е регистрирана во Ценралниот регистар како непрофитна организација и со години по ред не поднесува завршна сметка.

Во неодамна објавениот скандал за плацот во центарот на градот, паркингот кај хотелот „Холидеј ин“ и планот за изградба на две шеесеткатници на таа маркица, замешена е и фирма на МПЦ „Обновители“.

Според сите досега објавени документи, излегува дека МПЦ-ОА, преку „Обновители“ влегува во градежниот бизнис заедно со приватни инвеститори. Фирмата „Обновители“ е формирана во 2010 година, кога дел од плацот пред „Холидеј ин“ е добиен со денационализација во корист на МПЦ-ОА. Плацот е проценет на 2,4 милиони евра.

Фирмите на Зоран Антиќ, еден од сопствениците на фирмите „Обновители“ и на „МГ Фешн“ се сопственици на земјиштето (повеќе од 9.000 квадрати) продадено од државата во непосредна спогодба во октомври. Цената беше 312 евра по квадрат.

Антиќ се јавува и како еден од сопствениците на „Обновители“ заедно со Македонската православна црква (МПЦ).

Управител на „Обновители“ од 2010 година е Вичко Гочевски, свештеник и дипломиран теолог од село Кадино. Фирмата е основана со седум илјади евра, а денес има имот вреден над два милиони евра во недвижен имот. Вистински сопственик на земјиштето бил Лешочкиот манастир. Имотот го поседувале од 18-тиот век, а го вратиле во владение со денационализација во 2009-та година. Игуменот Теодосиј го отстапил имотот на фирма, а за возврат потпишал меница и чека надоместок доколку се гради.

А.Д.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе