По трагичната автобуска несреќа во Бугарија

Инспекторатот за труд не може да изврши надзор во „Беса транс“, канцелариите се затворени, никој не се јавува на телефон

Државниот инспекторат за транспорт (ДИТ) вчера се обидел, но не можел да изврши вонреден инспекциски надзор во компанијата „Беса транс“, бидејќи канцелариите и на компанијата и на нејзините агенции биле затворени, а никој не се јавувал на телефон.

Фото: ЕПА

„Вчера се упативме во просториите на ‘Беса транс‘во седиштето, но беа затворени, никој не се јавуваше на службените телефони. Оттаму се упативме во седиштата на двете агенции што ги имаат во Скопје, кои исто така беа затворени и немаше никој. Во Тетово знаеме дека има една агенција, но нашиот инспектор оттаму нѐ информираше дека и таа е затворена. Не можевме да извршиме вонреден инспекциски надзор“, изјавил за МИА директорот на Инспекторатот, Руфат Хусеини.

Тој вели дека никој не кревал телефон, ниту сопственикот на „Беса транс“, ниту некој во канцелариите, па сега ќе достават писмен допис и ќе закажат термин за да ги пречека и да ја отвори канцеларијата, а ако не ја прими доставницата тогаш ќе се изврши достава преку Министерството за внатрешни работи.

По автобуската несреќа што се случи во раните утрински часови на 23 ноември на автопатот „Струма“, кога автобус на превозникот „Беса транс“ враќајќи се од Истанбул удри во заштитната ограда од патот и се запали, Владата на седница го задолжи ДИТ да изврши вонреден инспекциски надзор. Со надзорот, треба да биде опфатено сѐ што е во рамки на надлежностите на Инспекторатот согласно со Законот за превоз во патен сообраќај.

„Конкретно, лиценца за извршување слободен меѓународен превоз на патници, број на возила и изводи од лиценци за тие возила и дали се сопственост на компанијата, пријавени возачи во работен однос во компанијата, потврди за техничко експлоатациски услови за секое возило, сертификати за професионалност за меѓународен превоз за патници, сертификат на управителот за професионална компетентост, евиденција за издадени патни налози за една година наназад. Нашиот надзор ќе ја опфати оваа документација“, рече Хусеини.

Министерството за транспорт и врски завчера и ја одзеде лиценцата за работа на фирмата-превозник  „Беса транс БТБ“, бидејќи за автобусот во кој загинаа 45 патници немало издадено извод од лиценца за вршење меѓународен слободен превоз за патници, ниту, пак, за друг вид јавен превоз на патници, а возилото не е евидентирано во електронската евиденција на издадени лиценци. Министерството за транспорт и врски има регистрирано четири лиценцирани возила на фирмата „Беса транс БТБ“, но меѓу нив не е автобусот што изгоре.

По контролата што ја изврши Секторот за професонална одговорност на Царинската управа на ГП „Деве Баир“, од ова институција најавија мерки за двајца царински службеници и раководител бидејќи не го евидентирале излезот на автобусот од државава.

 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе