ИНРЕКОМ: ЕК ја повтори оценката за ограничен напредок во слободата на изразувањето

Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија за почетокот на преговорите за членство во ЕУ пак евидентира ограничен напредок во однос на слободата на изразувањето и ограничен напредок во однос на информатичкото општество и медиумите, со умерена подготвеност за пристапувањето во Унијата, се вели во коментарот на Институтот за развој на електронски комуникации трета година по ред за поглавјето 10, како и за деловите што се однесуваат на медиумските слободи, сајбер безбедноста и работењето на регулаторните тела од областа на медиумите и електронските комуникации.

ИНРЕКОМ смета дека и овогодинешниот извештај дава иста слика, како и минатогодишниот извештај, во однос на медиумската сфера во Македонија и дигитализацијата на македонското општество.

„Оценката во извештајот е средна, а на скалило од 1 до 5, сметаме дека истата би била три, бидејќи се забележува дека се потребни повеќе напори во развојот на информатичкото општество, како и во градењето на независни регулаторни тела за аудиовизуелните медиумски услуги и за електронските комуникации. Тоа значи дека е потребно понатамошно усогласување на националното законодавство со европските регулативи и директиви, особено со ревидираната европска директива за аудиовизуелни медиумски услуги, нешто на што се наведува веќе втора година по ред“, се вели во освртот на ИНРЕКОМ.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе