На разговор за планот за дигитализација на учебниците

Иницијаторите за бојкот на наставата утре на средба во МОН

Претставници на неформалната фејсбук - група граѓани „Учебници и настава мора да има", која од четвртокот повикува на бојкот на наставата, утре ќе има средба со претставници на Министерството за образование и наука за да ги презентираат своите барања. На средбата поради зафатеност, како што им било кажано, нема да биде присутна министерката Мила Царовска.

Драгана Спасевска од фејсбук-групата вели дека барале да разговараат и со министерката, но дека им било кажано оти таа има работни обврски. Таа нагласува дека имаат сѐ поголема поддршка за бојкотот на наставата, односно за нивното барање да се стопира постапката за донесување на законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование.

„Клучно за утрешната средба е дали ќе имаат слух за нашите барања, како на родители", вели Спасевска и додава дека не се против примена на технологијата во наставата, но дека бараат да останат во употреба и печатените учебници.

Според неа, многу училишта се руинирани, има бројни проблеми во образованието на децата, а секое седмо дете нема ниту интернет, ниту компјутер, таблет - уред или пак, паметен телефон.

„Во нашата фејсбук-група направивме и анкета во која родителите имаат многу барања во образованието – печатените учебници да останат во употреба во наставата, да нема спојување на два предмета во еден, да се исклучи сеопфатното родово сензитивно образование, што побргу да се донесат протоколи за враќање на децата во училишните клупи и нам, родителите, да нѝ се овозможи да имаме право да предлагаме изучување на теми во образовнието", вели Спасевска.

Родителите поврзани преку таа фејсбук - група, за која се тврди дека има 70.000 приврзеници, бараат да се организира јавна расправа за предложениот закон, а нивни стручни претставници непосредно да учествуваат во негова ревизија и интервенции. Според нив, предлог-законот не ги решава проблемите што постојат во образованието и генерира нови, има и недоследности и импликации во останатите закони што се однесуваат на образованието во земјава.

Според Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование, дигиталните учебници треба да почнат да се употребуваат од учебната 2021/2022 година, најпрво во наставата за четврто одделение, а потоа етапно, во наредните пет години, и во сите погорни одделенија. Учениците до трето одделение ќе продолжат да учат од печатени учебници.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе