Најголемата опозициска партија пред промени?

Иницијативен одбор: На 28 март Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес по неколку месеци интензивна работа, успеа да обезбеди поддршка и потписи од големо мнозинство на делегати кои учествуваа при изборот на, сѐ уште актуелниот претседател, Христијан Мицкоски и донесе одлука да закаже вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на 28 март во Скопје. Време е да сопре пропаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ, но и на Македонија. Не може да се дозволи подобар рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ да има Апасиев, кој предводи мала и антизападна партија, смета Одборот.

Во соопштението на Иницијативниот одбор се вели дека делегатите кои пристапија се едногласни дека Мицкоски ги изневерил очекувањата и дека не исполнил ниту едно од дадените ветувања за враќање на партијата на победничките патеки, за зголемување на капацитетите за коалицирање и за обезбедување на меѓународна поддршка.

Делегатите сметаат дека е недозволиво претседателот на кој што му ја дале довербата, да не свика конгрес и да не се обиде да им објасни кои се причините за последователните изборни порази и катастрофалниот рејтинг.

Затоа иницијативниот одбор одлучи, со поддршка на мнозинството членови да свика седница на Конгресот надвор од редовниот термин.

„Во наредните денови, Иницијативниот одбор ќе ги формира телата за спроведување на конгресот, ќе го промовира слоганот и ќе отпочне со дистрибуција на покани и материјали за делегатите. Отчет за сработеното од страна на актуелниот претседател и гласање на доверба е една од приоритетните точки на дискусија. Иницијативниот одбор ги повикува сите заинтересирани кандидати за претседател на ВМРО-ДПМНЕ да достават апликации заедно со план за нивно делување", се вели во соопштението.

Од Иницијативниот одбор објаснуваат дека ниту времињата се редовни, ниту ситуацијата во која се наоѓа партијата и државата е редовна, така што неминовно се наметнува потребата од вонреден конгрес.

„ВМРО-ДПМНЕ секогаш била столб кој ја штител Македонија и интересите на граѓаните кои живеат во земјава. Но, ВМРО-ДПМНЕ со сѐ уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски е руинирана до непрепознатливост.Партијата е поделена, раскарана, нема капацитет за коалицирање и нема поддршка од стратешките западни партнери. Неговото бегање од одговорност и од заземање на ставови по сите важни прашања резултираше со низа последователни порази на парламентарните, претседателските и локалните избори во Охрид, Штип и Ново Село. Христијан Мицкоски нема капацитет да ја води партијата и тоа го препознаваат граѓаните", велат од Иницијативниот одбор.

Во соопштението се додава дека Мицкоски нема поддршка ниту од членството, а уште помалку од неутралната јавност:

„Затоа и граѓаните најголемата поддршка во опозицијата му ја даваат на Димитар Апасиев, иако води мала и антизападно ориентирана партија, а Мицкоски е само втор во опозиција и политичар со рекордно висок негативен рејтинг. ВМРО-ДПМНЕ не може да си го дозволи тој луксуз и да ги трпи последиците од лошото работење на Мицкоски уште десет месеци до редовниот конгрес. ВМРО-ДПМНЕ не може да си го дозволи луксузот да загуби уште едни избори само за да биде задоволена суетата и алчноста на Мицкоски".

Доколку Мицкоски и мисли добро на Македонија и на ВМРО-ДПМНЕ, веднаш ќе се повлече од функцијата и ќе го поддржи одржувањето на вонреден 17. Конгрес, наведува Иницијативниот одбор и го повикува Мицкоски:

„Доколку смета дека направил барем една добра работа за партијата и државата во овие три години, ќе излезе и ќе ја побара поддршката од делегатите на вонредниот конгрес. Само на тој начин партијата ќе влезе обединета и со нова енергија на локалните избори на есен. Секој обид да се избегне отчетот пред делегатите кои го избрале е мајтапење со членството и купување на време за лично богатење на грбот на партијата".

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе