Пред Владата трет ден по ред, продолжи протестот против прифаќањето на француски предлог за кревање на бугарското вето и почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ. Дел од демонстрантите ја прескокнаа оградата и стигнаа до полицискиот кордон. Се фрлаше со тоалетна хартија и се извикуваше „Оставка, оставка“, „Бугари, Бугари“, “Никогаш Северна, само Македонија“, „Татари, Татари".