Во Собранието

Инаугурацијата на новиот претседател Пендаровски е на 12 мај

Собраниската седница на која ќе биде инаугуриран новоизбраниот претседател на Република Северна Македонија Стево Пендаровски ќе се одржи во недела на 12 мај.

Пред пратениците Пендаровски ќе даде свечена изјава со што и официјално ќе го започне мандатот и ќе стане петтиот претседател на државата, пишува МИА. 

Пендаровски, кој беше поддржан од СДСМ и коалицијата, на вчерашниот втор круг од претседателските избори освои 436.212 гласа или 51,66 отсто од гласовите на граѓаните кои излегоа на гласање.  Неговата противкандидатка Гордана Сиљановска Давкова, која беше поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, освои 377.713 гласови или 44,73 отсто. Одѕивот на гласањето беше 46,70 отсто. 

Пред Пендаровски фукцијата претседател на државата ја извршуваа Киро Глигоров, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски и во изминатите десет години во два последователни мандата Ѓорге Иванов, од кого Пендаровски ќе ја преземе должноста. Инаугурацијата на Иванов во Собранието се одржа исто така на 12 мај пред пет години, во 2014 година. 

 

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе