Имунитетот на Вељаноски на дневен ред на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања

Комисијата за мандатно-имунитетни прашања денеска ќе го разгледува барањето од Кривичниот суд да му се одземе пратеничкиот имунитет на пратеникот и поранешен претседател на собранието, Трајко Вељаноски.

Барањето од Кривичниот суд беше испратено вчера, но Собранието го врати поради повикување на погрешен член од законот. Судот ја поправи грешката и попладнето барањето отвторно го испрати до законодавниот дом. Според Деловникот, Комисијата е должна да го разгледа Барањето и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на Парламентот. Собранието во рок од три дена треба да одлучува на пленарна седница. За одземање на мандатот на Вељаноски треба да има просто мнозинство од 61 глас. Мандатот на Вељаноски може да му се одземе со 61 глас.

Вељаноски е осомничен како еден од организаторите на настаните од 27 април.

 

 

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе