Имаме желба за изнаоѓање заемно прифатливо решение за отворените прашања со Скопје, рече Петков

На денешната средба на бугарскиот премиер Кирил Петков со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји теми на разговор беа актуелната состојба на Западниот Балкан, во контекст на кризата предизвикана од руската воена инвазија на Украина и последните случувања во дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија, соопшти Прес-центарот на бугарската Влада.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков на средбата ја потврдил желбата за изнаоѓање заемно прифатливо решение за отворените политички прашања со земјава, имајќи ги предвид дека станува збор за теми што се чувствителни за Бугарија.

Петков истакнал и дека интензивирањето на секторската соработка меѓу Македонија и Бугарија придонесува за градење меѓусебна доверба и разбирање.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе