Претседателски избори 2019

Имаме претседателски кандидат кој ќе не води напред, рече Заев за Пендаровски

Имаме претседателски кандидат кој ќе води напред и зад кого стојат граѓани од сите етнички заедници и политички определби, порача претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев на вечерашната прва трибина во Крушево, во кампањата на кандидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски и ги повика граѓаните на сериозност и одговорност.

Влеговме во тим за големи прашања, ги решаваме. Донесовме важни одлуки и продолжуваме напред. Со претседателски кандидат кој ќе биде ветар во грб, кој ќе биде сидро, ќе чекориме уште побрзо напред. Ова е патот.

Да избереме човек кој ќе води, оваа земја е на Стево, е на Заев, но е и на сите граѓани кои повикувам масовно да излезат на гласање, заедно сплотени, да избереме претседател на земја членка на НАТО и на ЕУ, порача претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев.

Претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски посочи дека за прв пат во историјата на нашата држава зад еден кандидат пред претседателските избори застанале 31 партија и над 30 илјади граѓани од сите етнички заедници.

„Нашата опција е само напред. Нивната е назад. Тоа не смееме да го дозволиме. И нема подобра опција од интеграцијата во ЕУ. Ако некој мисли дека со изолација економијата ќе цвета се лаже, или лаже. Се разликуваме како небо и земја, затоа повикувам на макаимална мобилизација и излезност на изборите, повика претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски вечерва од Крушево.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе