Во очекување Бугарија да го тргне ветото

Има поместувања и разбирање во Софија дека преку некои работи не може да преминеме, смета Заев

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се само наше најважно прашање, тие се и европска вредност, а Бугарија почна да ја разбира неопходноста на нашите потреби, прашања и важни аспекти од разговорите преку кои не може да се помине. Вака премиерот Зоран Заев одговори на новинарско прашање во врска со очекувањата Софија да го тргне ветото за отворање на преговорите со ЕУ. Тој во таа насока рече дека има поместувања во Бугарија и додаде дека и бугарскиот идентитет и бугарскиот јазик се исто така европска вредност.

.Заев, по Осмиот форум на граѓанско општество на Западен Балкан, што се одржува денеска во Скопје, на новинарите им изјави и дека напорите на еврокомесарот Оливер Вархеј, кој вчера беше во Скопје, како и на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, се од 14 до 17 декември „за Советот на Европа да имаме позитивно решение“.

Поместувањата со Бугарија има на планот на меѓусебно разбирање, оцени Заев, но и рече дека не се дефинирани сите чекори и правци и дека за тоа треба да се разговара.

„Ова се сериозни и позитивни пораки на Бугарија, на кои што сакаме да возвратиме, исто така, апсолутно со позитивни пораки. Јас верувам, дека имаме паметни луѓе, политичари и експертите во министерствата за надворешни работи, за да обезбедиме добра сегашност и добра иднина и на Македонците и на Бугарите, и на сите граѓани на Северна Македонија за подобра иднина со нашиот источен сосед, за кој што јас многу често знам да кажам дека сме братски народ“, рече премиерот.

Прашан дали Бугарија ќе прифати дека не сме вештачки народ и нација создадена по 1945 година, Заев рече дека не сака да коментира одредени разговори и интервјуа или медиумски натписи, затоа што, како што нагласи, бугарскиот претседател Румен Радев и премиерот Стефан Јанев никогаш тоа го немаат кажано пред него.

„Тие веруваат во нашето пријателство, нашата соработка и нашето добрососедство. Ја чувствуваат потребата да помогнат од бугарска страна, како што и ние чувствуваме од македонска страна да помогнеме, затоа што е многу важно каква историја и денеска пишуваме. Историјата, никој не бара ние да ја утврдиме и конечно заокружиме. Историјата, уште во договорот за добрососедство, треба да биде мост на пријателство и соработка. Точно е, болат одредени коментари болат, а и тие таму реагираат кога се појавуваат кај нас одредени коментари. Но, тоа не се официјални коментари. Никогаш претседателот Радев или премиерот Јанев не истакнале таква работа пред мене како претседател на Влада“, изјави Заев.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе