Грција ќе помага за ЕИ и бара исполнување на Преспанскиот договор

Има напредок, но новото име треба да го користат сите институции, па и интернет сајтовите, порача Дендиас

Евроинтеграцијата на Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија мора да продолжи и Грција ќе дава техничка поддршка, но Македонија треба да го исполни целосно, конзистентно и со добра волја Договорот од Преспа, порача денеска грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас на прес-конференцијата по разговорите со министерот Бујар Османи во Атина.

Дендиас рече дека по влегувањето во сила на Договорот има завршено доста работа во промената на името, но потребен е натамошен напредок и спомена стриктна употреба на новото име во јавните институции и приватни субјекти, па и на интернет сајтовите, отстранувањето на програмата за антиквизација и на звездата од Вергина, како и преименување на патиштата и други инфраструктурни објекти.

„Грција е подготвена да обезбеди техничка помош за да се поддржат напорите на земјите од Западен Балкан за пристапување кон ЕУ. Во овој контекст дозволете ми да потенцирам дека целосното, конзистентно имплементирање на Договорот од Преспа е начин за обезбедување на напредокот. Две години откако Договорот стапи на сила препознаваме дека има напредок во спроведувањето на промената на името. Но, потребен е поголем напредок, од една страна во користењето на името и терминологиите од сите државни институции и приватни субјекти, вклучувајќи и интернет сајтови, а од друга страна потребен е и прекин на антиквизацијата, отстранување на сонцето од Вергина од сите јавни површини, преименување на патишта и објекти. Она што е кристално јасно во Преспанскиот договор е јасноста за она што се случило во античкиот период, а едно е јасно – со сета почит, вашите сонародници, а вие тоа го прифативте, не биле дел од кампањите на Александар“, рече Дендиас на прес-конференцијата.

Грција, според Дендиас, може да биде најдобриот сојузник и најдобриот пријател на Македонија.

По средбата во грчкото Министерство, Османи и Дендиас потпишаа меморандуми за разбирање во областа на цивилната заштита, за дипломатската едукација и меморандум за разбирање меѓу „Invest North Macedonia“ и „Enterprise Greece“. Дендиас оцени дека со потпишувањето на меморандумите односите меѓу двете земји направија чекор напред и се задржа на областите во кои има голем потенцијал за соработка како што се енергетиката, економијата, инвестициите.

Тој истовремено изрази поддршка од Грција за европската перспектива на нашата земја, како и на регионот и рече дека тоа е важно за стабилноста во регионот.

„Европската Унија има обврска да ја задржи на маса политиката на проширување. Не може да си дозволиме создавање вакуум на нестабилност во нашиот регионот, што може лесно да се пополни од други сили што не се ЕУ и поддржуваат екстремизам“, изјави Денидас.

Тој ја спомена соработката на здравствен план со Македонија и договорот со ЕУ за обезбедување на вакцини на земјите што не се членки на Унијата, но не кажа конкретно кога ќе се случи ветената помош од Грција за Македонија. 

„Вистинско задоволство е да се почне годината со ваква успешна посета на Грција. Нашите искрени намери се да го надминеме прагот на добрососедството, како коректен политички наратив, и да поставиме основа за изградба на едно подлабоко долгорочно пријателство меѓу двете земји, како највисок израз на успешност на политиката и дипломатијата“, изјави Османи.

Според него, принципиелната поддршка на Грција, како непосреден сосед и воедно членка на ЕУ, е особено важна за почеток на преговорите со Македонија, без одложување.

„Ја цениме оваа поддршка и ја сметам за еден од клучните инпути во создавањето долгорочно пријателство меѓу двете земји. Во истата насока сакам да ја нагласам и соработката во рамките на НАТО, преку аранжманот меѓу двете држави за заштита на воздушниот простор, што во голема мера придонесува за унапредување на довербата меѓу двете земји на политички и безбедносен план“, рече Османи.

Говорејќи за важноста на трите потпишани меморандуми, додаде дека преку нив и преку политичката соработка, треба да се создадат сите услови за натамошно унапредување на трговската размена, размената во областа на туризмот, инвестициите, како најважна и сигурно најопиплива придобивка за граѓаните.

Османи уште кажа дека пред двете земји стојат сериозни инфраструктурни и енергетски проекти, набројувајќи ги изградбата на интерконекторот за пренос на гас, поврзување на земјите преку гасовод, возобновување на постојниот нафтовод, учество во изградбата на гасниот терминал Александрополис, железничкото поврзување, патното поврзување и секако отворањето на новите гранични премини Маркова Нога-Лемос и Мајден-Промахои.

По денешните средби со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу и со дендиа, Османи еднодневната работна посета на Атина Османи ќе ја заврши со средба со премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе