Пратеникот на Алијанса за Албанците, Елми Азири на денешната прес-конференција во Собранието информира дека продолжуваат со работа во Собранието како посебен политички субјект.
„Ние сме изненадени од овој чекор на нашиот досегашен коалициски партнер”, изјави Азири, коментирајќи ја одлука на Алтернатива да се приклучи кон Владата.
Тој додаде дека во наредните денови претседателството на партијата ќе пзаземе став како ќе постапува околу коалцијата што ја имаат со Алтернатива на локално ниво.