Илир Мета во посета на Македонија

Претседателот на албанското Собрание Илир Мета, на покана од претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски, престојува во официјална посета на Македонија.

Како што соопшти собраниската прес-служба, претседателот на албанскиот Парламент ќе има средба со својот домаќин Вељаноски, а потоа и обраќање пред пратениците во македонското Собрание.

Предвиено е тој да се сретне и со Орхан Ибраими, претседател на пратеничката група на Собранието на Македонија за соработка со Парламентот на Албанија и членовите.

 

Албанскиот гостин во рамки на посетата се очекува да има средби и со претседателот Иванов и со премиерот Груевски како и со претставници на раководствата на ДУИ, ДПА и СДСМ.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе