Груби соопшти дека е пронајден важен документ

Илир Љума од некогашната ПДП го сочувал документот на Охридскиот договор

Никој во државава, ниту институциите, ниту партиите, не сочувале примерок од Охридскиот рамковен договор, освен поранешниот истакнат член на некогашната Партијата за демократски просперитет (ПДП) Илир Љума кој документот го чувал во својот дом 20 години. Мистеријата е разрешена, изјави првиот вицепремиер Артан Груби и информира дека сега примерокот на Рамковниот договор ќе се чува во Државниот архив.

Груби чувствува гордост што е во можност тоа да го соопшти и со тоа да се реши, како што рече, мистеријата за документот на Охридскиот договор.

„Благодарение на големата свест на Илир Љума од Тетово, член на ПДП, кој ја имал предвид негрижата на институциите и на партиите, сочуван е примерок од Охридскиот рамковфен договор. Љума го чувал документот 20 години во својата куќа. Тој бил асистент во потпишувањето на Охридскиот договор и потоа го земал од канцелариите на најстарата политичка партија на Албанците во државата и во домашни услови водел грижа на архивски начин за овој документ. Нашите истражувања не доведоа до оваа откритие и господинот Љума пред две недели го достави овој документ во мојот кабинет“, изјави Груби.

Директорот на Државниот архив Емил Крстески се осврна на значењето на нивната институција, во која се чуваат значајни документи за нашата историја, култура и традиција, почнувајќи од 13 век, од кога датира и најстариот документ.

„Оригиналниот документ на Охридскиот договор е значаен договор за нашата земја и еден од документите од поновата историја, кој нуди големи перспективи за развој во секој поглед. Оригиналниот документ овде ќе го чуваме, ќе го дигитализираме и тој ќе биде транспарентен и достапен до секој оној што сака да се интересира за историјата и за неговите детали. Ќе биде зачуван како што треба по сите европски стандарди на еден државен архив“, рече Крстески.

Инаку, Илир Љума кој беше истакнат член на ПДП, е лекар по професија, а често пати може да се види на телевизиските екрани со свои совети поврзани со пандемијата со коронавирусот, но и како политички аналитичар.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе