РЕАКЦИЈА

Илиоски: Владата на Заев е антиреформска

Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција рече дека Владата на Зоран Заев не е реформска туку антиреформска и нејзините први чекори не се нови проекти и реформи, туку најави за уривања, блокирања и укинувања.

 

“Зоран Заев во првата изјава како Премиер побара првиот човек на Јавното обвинителство кое го гони за земањето поткуп од едно евро за Вицето да си даде оставка. Ова не е ништо друго освен пример на еклатантен притисок и заплашување кон институцијата која треба да ги истражи криминалите за кои се сомничи Зоран Заев. Toj еднаш беше аболициран за криминал тежок 8 милиони евра од страна на Бранко Црвенковски, а втор пат награден од Катица Јанева со отфрлање на кривичната пријава против него за случајот „Пуч“. Зоран Заев не може да се помири со фактот дека надлежното Јавно обвинителство не сака да ги следи овие срамни примери и води постапки и за барањето „Поткуп“, но и за изборните измами. За изборните измами јавното обвинителство веќе влезе во Општина Струмица и одзеде бројни материјали кои може да послужат во понатамошната постапка.Зоран Заев доколку е искрено загрижен за реформи во судството треба првин да покаже почит кон судската власт. Треба да почне да се појавува на судските рочишта кои се водат против него. Целата јавност е сведок на срамниот однос и 11-те одложувања на судењето во случајот „Поткуп“”, рече Илиоски.

ВМРО-ДПМНЕ, додаде Илиоски ги повикува професионалците и во судската и во обвинителската фела да не подлегнуваат на притисоците и заканите од СДС. Да работат стручно и професионално исклучиво според Уставот и законите.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе