Илиоски: СДСМ сака да ги прости долговите создадени од расипничко трошење на јавните претпријатија

СДСМ во пресрет на изборите имаат намера да префрлат пари од државниот буџет на општинските јавни претпријатија за да можат да спроведат класична предизборна и изборна корупција и поткуп на граѓани и гласачи, со една и единствена цел, да останат на власт, обвинува пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.  

„Откако пред околу 14 месеци власта директно од државниот Буџет на општините им исплати околу 49 милиони евра токму за отпис на долговите, овој пат непосредно пред избори, СДСМ има намера повторно да ги прости новите долгови создадени од расипничкото трошење и луксузирање на нивните неспособни директори на локалните јавни претпријатија низ градовите во Република Македонија“, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски.

На прес-конференција тој рече дека се работи за јавни претпријатија од различни општини кои откако пред речиси една година добија финансиска помош од централната власт и подмирување на долговите, сега за само една измината година, повторно се заглавени до гуша во долгови и наброи неколку примери.

„ЈП за стопанисување со спортски објекти Радовиш за само една година го зголемил својот долг за неверојатни 384% односно од 193 илјади денари на 938 илјади денари.

ЈП за комунални дејности, Комунална хигиена Новаци од 165 илјади денари во 2018 година на 448 илјади денари во 2019 година односно зголемување на долгот за 171%.

ЈСП Скопје, од 33 милиони денари на 72 милиони денари нов долг, т.е. зголемен долг за 2019 од 113% во однос на 2018г.

Јавно комунално претпријатие Пела Хигиена Општина Могила, од 387 илјади на 788 илјади денари, односно 103% поголем долг.

ЈП за енергетски дејности Струмица Гас, од 5,7 милиони денари на речиси 11 милиони денари долг, односно 92% поголем долг. 

ЈП за комунални работи Услуга ЦО Берово, од 23 милиони денари на 40,5 милиони денари односно 71% поголем долг.

ЈП за јавни паркиралишта Градски паркинг – Скопје, од 10,5 милиони денари на 16,2 милиони денари, што значи зголемување на долгот за само една година за 53%.

ЈП за комунални дејности Комуналец ЦО Струмица, од 172 милиони денари на 241 милион денари односно 40% поголем долг.

ЈП за изградба, одржување и користење на спортски објекти и јавни паркинг простории Билјанини Извори Охрид, од 19,1 милиони денари на 24 милиони денари односно 25% зголемување на долгот од лани до сега.

ЈП Водовод и канализација Скопје, од 215 милиони денари на 241,5 милиони денари односно зголемување на долгот за 12%.

ЈП за комунални дејности Турија Василево од 10,6 милиони денари на 12,3 милиони денари односно зголемување за 16%.

ЈП за комунални дејности Комуна Крушево, од 20,2 милиони денари на 22,2 милиони денари односно 10% зголемување на долгот.

ЈП за комунално-производни и услужни работи Исар Штип, од 104,5 милиони денари на 112,2 милиони денари што значи зголемување на долгот за 7%“, наброи Илиоски, објаснувајќи зошто ВМРО-ДПМНЕ е против законот за отпис на долговите.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе