„Илинден“: Каде се Бугарите во Албанија, за денешните избори во Бугарија, во Тирана гласале 15 лица

Џaбе фрлија гpдни пapи за acимилација, во Албанија има илјадници Македонци и само 15 Бугapи, пишува весникот на Македонците во Албанија „Илинден“.

Според Изборниот законик на Бугарија бугарските државјани кои живеат надвор од Бугарија имаат обврска да се пријават за гласање во акредитираните центри за гласање. Во Бугарската амбасада во Република Албанија за денешните парламентрани избори во Бугарија во Тирана, во амбасадата на Бугарија, гласале 15 лица. Голем дел од нив се вработени во амбасадата.

„Така што станува нејасно каде се оние илјадници Бугари во Албанија за кои говорат официјалните бугарски политички кругови. Познато е дека со години бугарските емисари се обидуваат да ги убедат Македонците во Албанија дека треба да се пишуваат и изјавнуваат како Бугари. Но Бугари во Албанија не постојат или се во минорен број, а за интересот за гласање на „Бугарите“ во Албанија најдобро говори јавно објавениот список.

Од друга страна, според овој список, јасно е дека со невидени уцени и притисоци од страна на Република Бугарија, како членката на Европската Унија, врз албанските политички елити во 2017 година во Албанија беше промовирано непостоечко бугарско малцинство.

Списокот кој јавно го објавува Бугарската амбасада во Тирана, покренува неколку прашања и тоа до кога Европската Унија, која се декларира како демократска заедница на рамноправни народи ќе ги толерира уценувачките политики на бугарската држава кон Македонците во Албанија и албанските власти? До кога европските институции ќе одобруваат средства за подобрување на животот на Македонците во Албанија, а кои бугарската држава ќе ги претставува како нејзин влог во подобрување на стандардот и општиот благодет на Македонците во Албанија? До кога Европската Унија ќе го толерира бугарското мешање во односите меѓу македонската и албанската држава?

Само едно читање на списокот покажува колку и кои лица се чувствуваат како Бугари во Албанија, а тоа е одличен показател за тоа дали Бугарите во Албанија се малцинство или ги има во занемарлива бројка“, пишува весникот „Илинден“.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе