четврток, 25 април 2024

Демир Хисар подготвен за претстојниот предвелигденски викенд

Општина Демир Хисар во пресрет на христијанскиот празник Велигден организира превелигденски културен викенд на кој ќе бидат приредени театарска претстава и фолклорен фестивал.

Објавено на

часот

Сподели

Од секторот за односи со јавност на Општина Демир Хисар соопштија дека в сабота во Дом на кулутура „Илинден“ премиерно ќе биде изведена театарската претстава „Женами се вика Борис“ од Рафи Шарт во режија на Благој Николов, а в недела напладне на градскиот плоштад ќе се одржи седмото издание на националниот фолклорен фестивал „Велигденски фолклорни средби“.

Во претставата „Женами се вика Борис“ настапуваат актери од драмското студио што работи во рамки на Домот на културата „Илинден“ во Демир Хисар, додека на фестивалот „Велигденски фолклорни средби“ ќе настапат КУД „Илинден” од Битола, КУД „Бисер” од Кичево, КУД „Ѓердан од бисери” од Охрид и домаќините КУД „Илинден” од Демир Хисар.

МанифестацијТ се одржуваа со поддршка на Општина Демир Хисар и Министерството за култура.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ