На руска социјална мрежа

„Илија Громовник” објави нови „бомби” на интернет

Четири нови „бомби”, односно прислушувани разговори, се појавија денеска на интернет. Објавени се на руската социјална мрежа „ВКонтакте” на анонимен профил под псевдоним „Илија Громовник”. 

Се работи за четири телефонски разговори кои имаат наслови „Оливер и Гордана координација пред медиуми“ наводно меѓу поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и сегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, „Кочо и Саше го пљачкаат ЕЛЕМ“, „Фрчко и Алберт Муслиу лажираат ЛУСТРАЦИЈА“, и „БЦ и Дамјан Манчевски со грчката фирма“.

Засега не е јасно во кој период се одвиваат разговорите, а според објавените разговори, се чини дека станува збор за досега необјавени материјали. 

Ова не е прв случај на интернет од непознати профили и адреси да бидат пуштани прислушувани разговори во кои се функционери од опозицијата или власта.

 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе