Илија Димовски: Собранието беше подредено на Владата и во време на ВМРО-ДПМНЕ и во време на СДСМ

По денешното конституирање на Собранието, поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, вели дека законодавниот дом има системска грешка и апелира до сегашните пратеници таа грешка да ја отсранат.

„Како поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија, врз база на сопствено чувство на незавршена работа, но и како апел до новите пратеници би сакал да укажам на една клучна и сериозна системска грешка и маана во неговата работа, за која, ниту во времето на Влада на ВМРО-ДПМНЕ, а и последниве години, во време на Влада на СДСМ не се најде волја и начин да се надмине и реши.

Таа системска грешка и маана е неговата зависност и подреденост под извршената власт, што е спротивно на Уставот.

Да бидам искрен, во Собранието секогаш имало волја да се наметне над Владата и партиските водства, но таа волја била ограничена и по квантитет и по квалитет, а и секогаш била остро и силно нападната од политичкиот естаблишмент кој бил дел или единствено заинтересиран за извршната власт.

Во овој период на завршени избори, а сеуште неизбрана Влада, дополнително со превезот на нејаснотии за јавноста, кој ќе биде, а кој не дел од новата Влада, без притисок на позициите за тоа кој е власт, а кој опозиција, е одличен тајминг за реформа на политичката и суштинска поставеност на Собранието на Република Македонија спрема извршната власт, спрема политичките партии, но и како одговорност спрема граѓаните.

Не треба многу, треба да се променат и изменат три акти:

1. Изборниот законик (за да се промени изборниот модел);
2. Деловникот за работа на Собранието (за да се внесе поголема динамика, одговорност и алатки за работа на пратениците, а да се намали монополот за управување што до сега го има кај себе институцијата Претседател);
3. Законот за политички партии (за да се наметнат и обврски, а не само права за политичките партии, по примерот на сите други правни ентитети во државата).

За овие три акти секогаш е потребен најширок консензус, што ретко се постигнувал, иако зад нас имаме десетици и десетици започнати иницијативи за реформа во оваа област.

Во ова време на неформирана Влада, можеби е најдобро да се размисли и иницира по стоти пат темата за проблемите на функционирање на Собранието.

Ова се работи за кои, да бидам искрен, до сега партиите, за жал, немаа доволно волја и слух.

Се надевам дека новиот пратенички состав, составен од најголем број нови пратеници, ќе најде сила да се наметне себе и својата одговорност и работа, над интересите на извршната власт, а во суштина да ја спроведе волјата на граѓаните заради која и е избран“, напиша Димовски на Фејсбук.

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе