Министерска средба во Брдо, Словенија

Или ќе ја обновиме кредибилноста на ЕУ на Балканот, или ќе ја изгубиме, порача Димитров

Или ќе ја обновиме кредибилноста на ЕУ на Балканот или ќе ја изгубиме. Многу зависи од знаењето и мудроста на словенечкото претседателство да успееме, а не да потфрлиме, порача вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, пред почетокот на денешниот неформален состанок на министрите за европски прашања на земјите членки на ЕУ што се одржува во Брдо, Словенија.

„Добро е што земјите кандидати се тука заедно со земјите членки на Европската унија да се разговара за актуелните прашања“, изјави Димитров.

Тој додаде дека на средбата ќе го покрене и прашањето за пристапувањето и проширувањето на Унијата.

„Го споменав зборот ‘криза‘, кој етимолошки потекнува од терминот ‘одлучувачки момент‘. Сметам дека под словенечкото претседателство во наредните неколку недели и месеци многу ќе се приближиме до овој одлучувачки момент. Или ќе го обновиме кредибилитетот на Европската унија на Балканот или ќе го загубиме. Многу се потпираме на занаетот и мудроста на нашите словенечки пријатели, за кредибилитетот да се задржи, а не да се загуби“, рече Димитров.

Една од главните теми на состанокот, како што кажа, ќе биде и справувањето со коронавирусот.

„Вирусот не знае за граници и не знае дали некоја земја е членка или пак има статус на кандидат. Дури и ако гледате географски ние сме окружени од земји членки и затоа битката треба да се води заедно со ЕУ“, изјави Димитров.

Тој рече дека е големо задоволство да се биде во Брдо во Словенија и дека ја цени поканата на словенечкото претседателство. За него има смисла земјите од регионот да бидат таму со земјите членки на Европската Унија.

 

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе