Зекири контра коалицискиот партнер

„Играта на ДУИ со ИВЗ е провидна, криминалци си бранат криминалци“

Пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири денеска преку социјалните мрежи ја обвини ДУИ дека игра со Исламската верска заедница и дека тоа ѝ е изговор на партијата зашто не може да го испорача она што го ветила на изборите.

„Жал ми е што не сум во Собрание денеска. Кога Ејуп Алими и Артан Груби зборуваат за правда или селективна правда, отидена е работата по ѓаволите!!!

Нека се сетат кој заедно со „началникот” поставуваше судии-нивните Муса Џафери и Блерим Беџети...

А ИВЗ е посебна приказна, како што бива криминалци си бранат криминалци. 
Играта на ДУИ со ИВЗ е провидна и е обид да бараат изговори зошто не можат да испорачаат тоа што ветиле на изборите. Среќа што луѓето одамна не им веруваат ниту ним, ниту на РЕЗИЛИТЕ ОД ИВЗ.

П.С поздрав и до Влатко Ѓорчев.“, напиша Зекири на Фејсбук.

Пратениците на ДУИ денеска во Собранието на седницата на која требаше да се прегласуваат вратените закони од претседателот Ѓорге Иванов обвинија за селективна правда во случајот со ИВЗ и пресудите од 19 години затвор за обвинетите во случајот со Никола Саздовски-Саздо.

„Последните настани во ИВЗ и скандалозната судска пресуда на млади лица кои беа осудени на по 19 години затвор за случајот Саздовски наспроти казната од 6 год на убиецот на младиот Алмир се доказ за селективна правда во нашата држава и потребна е сериозна интервенција во судскиот систем“, рече пратеникот Артан Груби и предложи законот за судски совет да биде ставен како прв член на дневниот ред, бидејќи во државата постоела селективна правда и потребни се реформи во судството

Како примери за селективна правда тој ги спомена и случаите „Сопот“ и „Монструм“.

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски рече дека како пратеничката група на опозициската  партија го поддржува овој предлог на ДУИ, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ  две години веќе апелира за селективна  правда која што ја применува обвинителството и судството на функционери и членови на партијата. 

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе