ВМРО-ДПМНЕ

Игор Јанушев: Победува правдата, победува Македонија против Северна

„Радувај се, Македонијо! Ненародната власт е на колена. Народот победува. Гордана Сиљановска е избор на народот. Народот е мудар, енергичен и секогаш е во право“, изјави пред малку Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, од штабот на партијата каде што владее победничка атмосфера.

Од обработени 43 отсто од избирачките места, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ е во водство, рече Јанушев.

„Водиме во многу општини, против народот не се може. Водиме во Битола, Велес, Аеродром, Неготино, Бутел, Вевчани, Лозово, Радовиш, Ѓорче Петров... Изразуваме благодарност до сите. И покрај притисоците на власта, имавме генерално мирен изборен ден. Победува правдата. Стигнува правдата наспроти неправдата. Македонија против северна. Македонската пролет се случува“, рече Јанушев.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе