СО ПОРАКА НА ФЕЈСБУК

Игор Дурловски даде оставка од позициите директор на МОБ и професор на ФМУ

Би сакал да препорачам да останете доследни на професионализмот, на кој сум сведок во изминатите 18 месеци, и сите заедно да покажеме меѓусебна почит, без разлика на нашите спротивности, и да се надеваме што поскоро создавање на услови во кои уметноста нема да биде жртва туку водилка на општеството, напиша Игор Дурловски денеска на Фејсбук.

„И во таа насока лично сметам дека ќе придонесам со поднесување оставка од позицијата директор и поистоветување на МОБ и сите Вас со моите лични дејствија надвор од куќата, и овозможување на надлежните институции брз избор на ново раководство кое се надевам ќе донесе нова позитивна енергија и нови успеси на оваа куќа. 25 мај ќе биде мој последен работен ден на позицијата директор на МОБ, а воедно ќе поднесам оставка од позицијата професор на Факултетот за музичка уметност по завршувањето на испитната сесија“, напиша Дурловски, кој беше еден од организаторите на протестите на „За заедничка Македонија“. 

Универзитетите повеќе не се место за натпревар помеѓу кандидатите во креација, научна продукција и сл., туку место за „вдомување“ на партиски активисти.

повеќе

Спортските организации својата активност премногу ја имаат насочено кон дејноста спорт како игра, тренирање или бизнис, а не кон спортот како социјална потреба во функција на подобрување на општествените состојби.

повеќе

Н е јасно како оваа одложена покана е поразлична од онаа од Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година.

повеќе