Анализа на бугарските состојби во пресрет на изборите

ИФИМЕС: Бугарската влада е хибрид на „орбанизам“ и „трампизам“ зачинет со криминал и мафија

Политичката реторика на вицепремиерката Екатерина Захариева од партијата ГЕРБ и контроверзниот челник на ВМРО-БНД и министер за одбрана Красимир Каракачанов е насочена кон негирање на идентитетот и јазикот на Македонците и потсетува на реториката на италијанските фашисти кон Словенците, на кои им беше негиран идентитетот и словенечкиот јазик во почетокот на 20 век, пишува во анализата на ИФИМЕС за состојбите во Бугарија во пресрет на парламентарните избори, укажувајќи и на руските врски на Бојко Борисов, на врските со мафијата и на блискоста со германската политика во регионот. САД нема да ја дозволат досегашната политиката кон Македонија, смета институтот ИФИМЕС со седиште во Словенија.

Во Бугарија на 4 април ќе се одржат редовни парламентарни избори на кои ќе се избираат 240 пратеници според пропорционалниот модел, со изборен праг од 4 отсто.

Бугарскиот парламент во 2016 година донесе закон за задолжително учество на изборите со цел да се зголеми легитимитетот на пратениците. Казната за негласање е бришење од избирачкиот список, но сепак избришаните граѓани имаат право повторно да побараат да бидат впишани во списокот.

Но тоа е недемократски закон - избирачкото право значи дека секој избирач одлучува дали сака или не сака да учествува на изборите. Не смее граѓанинот да биде принудуван да гласа или да биде казнет затоа што не сака да гласа. Тоа секако укажува на незнаење/непризнавање на демократијата и го претставува антидемократскиот дух на режимот во Софија.

Бугарија има голема дијаспора, која традиционално не излегува на избори, а сега поради пандемијата со ковид-19 изборите ќе бидат отежнати и за самите гласачи што живеат во Бугарија. Дијаспората има помеѓу 2 и 2,5 милиони лица, но не постојат прецизни податоци. Во Турција живееат околу 700.000 бугарски Турци што преживеаја голгота во осумдесеттите години од минатиот век. Во Грција има околу 300.000. Дали ќе учествуваат на изборите?

Движењето за права и слободи на етничките Турци се обидува да донесе што повеќе Турци на изборите.

Криза на идентитетот

Дали за 14 години откако е членка на ЕУ Бугарија изгради европски идентитет? Бугарија постојано се соочува со криза на идентитетот. Процесот на бугаризација низ историјата често пати е вршен насилно. Тоа е случајот со бугарските Турци. Загрижува фактот на системска стигматизација на Ромите, владејачките структури ги користат изразите како „цигански паразитизам", „цигански криминал" и слично. Се прикрива вистинската бројка на Ромите. Според официјалните податоци, бројот на Ромите изнесува околу 5 отсто, но реалниот е двојно поголем.

Бугарите се обидуваат да се претстават како супериорни во однос на другите, односно како „виша нација - повредна нација", особено кон Македонците.

Во време на глобализација сличностите и блискоста помеѓу народите сѐ повеќе ќе се зголемуваат, ќе се испреплетува идентитетот и тоа глобално е неминовен процес.

Меѓутоа, кај Македонците присутна е висока национална свест и приврзаност кон Македонската православна црква (МПЦ-ОА), па затоа негирањето на идентитетот и јазикот е беспредметно, а бугарски пасош оние што зеле, тоа го сториле поради можноста за вработување во земјите од ЕУ. Поголем број Македонци би се откажале од бугарскиот пасош оној момент кога Северна Македонија ќе стане членка на ЕУ.

Добивањето бугарски пасош не е никакво идентитетско идентификување со Бугарите, туку егзистенцијално прашање, и во тој поглед бугарските власти веќе доживеаја фијаско, бидејќи занемарлив број од нив под нивото на статистичка грешка ќе гласаат на изборите во Бугарија.

Бугарија го оспоруваше идентитетот и на етничките Турци. Ним им беа одемени правата за време на политиката на насилна асимилација во времето на комунистичкиот диктатор Тодор Живков, а само во периодот од јуни до септември 1989 година од Бугарија во Турција се иселија 340.000 етнички Турци и тоа беше етничко чистење, а не доброволно заминување, како што тогаш беше претставувано.

Аналитичарите сметаат дека политичката реторика на заменик-премиерката и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева од партијата ГЕРБ и контроверзниот челник на ВМРО-БНД и министер за одбрана Красимир Каракачанов е насочена кон негирање на идентитетот и јазикот на Македонците и дека потсетува на реториката на италијанските фашисти кон Словенците, на кои им беше негиран идентитетот и словенечкиот јазик во почетокот на 20 век.

Бојко Борисов е 10 години премиер и Бугарија доживеа пад во поглед на почитувањето на индексот на либералната демократија. Во 2007 година Бугарија стана членка на ЕУ, но сѐ уште не ги прифати вистинските европски вредности, вклучително ниту либерално-демократските стандарди. Борисов една година не се појавил во бугарскиот парламент. Воспоставена е диктатура на „тивко мнозинство".

Новинарите станаа непријатели, а режимот на Борисов го користи монологот, еднонасочна комуникација. Поголем број од медиумите се во служба на владејачката структура. Земањето пари од фондовите не би требало да е цел на членството во ЕУ, туку треба да е средство државата што побрзо и полесно да се приспособи на политичките, економските, општествените стандарди што постојат во ЕУ и на тој начин да партиципираат во сите активности внатре во ЕУ.

И покрај интеграцијата во ЕУ, кај мнозинството бугарски граѓани не постои свест дека како држава ѝ припаѓаат на една голема заедница, не постои свест дека секој граѓанин истовремено е и граѓанин на ЕУ, политички и економски простор со 450 милиони жители.

Кај бугарските граѓани не постои чувство дека се Европејци, дека имаат заеднички идентитет, ниту дека промовираат заеднички европски цели на заедништво и тоа е голем проблем со кој се соочува Бугарија. За жал, мал е бројот на Бугарите што го имаат тоа чувство. Бугарија, која долги години беше под лупата на Брисел, повеќе не беше принудувана и условувана да ги почитува либерално-демократските стандарди како што тоа се бараше во почетокот од пристапувањето кон ЕУ. Слично како и со некои други земји што станаа членки.

Mеѓународната позиција на Бугарија

Бугарија е земја со многу проблемим, граѓаните во таа неразвиена држава живеат на работ на сиромаштијата. Економијата е неефикасна, финансиите се ограничени и исцрпени, а создаден е силен слој на олигархија, која има околу 3.000 поединци, кои водат клановски борби за распределба на ограничените финансиски средства и за прераспределба на моќта, имотот и бизнисите.

Неколкумина супербогати тајкуни во свои раце го држат финансискиот капитал во земјата. Преку нив практично минуваат поголем број од јавните тендери и средствата од европските фондови. Криминалот и корупцијата се присутни насекаде и се наметнаа како основа на општествената технологија во управувањето со јавните фондови во сите јавни сфери. И самите закони создаваат услови за корупциска практика, а корупцијата стана општествена норма.

Бугарија се обидува да најде некаква рамнотежа помеѓу обврските кон НАТО и традиционалните симпатии кон Русија. Како членка на НАТО, Бугарија е одговорна за 354 километри долгата источна граница на НАТО. Границата во Црно Море е оддалечена помалку од 500 километри од Крим и директно прилегнува на област под контрола на руската црноморска флота, како и на руските воздушни сили. Обврска на Бугарија е да ги контролира руските воени активности во Црно Море и се обидува да најде рамнотежа во односите со двете страни.

Eмоциите кон Русија се длабоко вкоренети во бугарското општество. Историските и културните врски со Русија и наклонетоста кон таа земја се во колизија со стравот што се шири во медиумите, дека Бугарија би можела да биде вовлечена во воен судир во Црното Море. Претседатлот на Русија Владимир Путин изјави дека Русија и Бугарија во историјата биле блиски и дека Русија ќе развива врски со Бугарија на сите колосеци.

Во основа се работи на два колосека, а тоа „Јужен тек - Балкански тек", кој е важен економски проект и инструмент на руската надворешна политика. Вториот колосек е обидот на Русија, преку Бугарија да влијае на (не)единството во ЕУ и во НАТО, со цел двете организација да ги подели, како по прашањето на санкциите, така и по прашањето на безбедносната политика, што во еден дел и успеа. Тоа го потврдува и фактот дека во Софија се наоѓа еден од главните пунктови на руските безбедносно - разузнавачки служби во регионот. Русија има многу приврзаници во политичката елита на Бугарија и меѓу граѓаните, односно има проруско влијание.

Стејт департменот со критики до Бугарија

За Бугарија е критичен најновиот Извештај на американскиот Стејт департмент за состојбите со човековите права во 2020 година. Во делот посветен на слободите на здружување е запишано: „Властите продолжија да ја ускратуваат регистрацијата на македонски организации - Обединета македонска организација Илинден, Друштво на обесправени Македонци, Жртви на комунистичкиот терор и Македонскиот клуб за етничка толераанција во Бугарија, наспроти пресудата од месец мај и напроти десет претходни одлуки на Европскиот суд за човекови права дека се прекршени правата на слобода на здружување на групи. Комитетот за спречување на тортура на Советот на Европа во привремената резолуција изрази длабока загриженост од власта со оглед на формалната примена на законските барања,која упорно одбиваше примена на регистрацијата на Обединетата македонска организација Илинден, како и на слични здруженија од 2006 година.

Во ноември 2019 година главниот обвинител постапи по жалба на лидерот на ВМРО и министер за одбрана Красимир Каракачанов по обидите на две здруженија, на Граѓанската асоцијација за заштита на основните човекови права и на Старонекогашните Македонци да создадат македонско малцинство. Главниот обвинител побара од судот да се распуштат здруженијата, обвинувајќи ги за политичка програма што ги загрозува единството и безбедноста на нацијата.

„Рускиот рулет“ на Бојко Борисов

Бугарија, поради својата геополитичка позиција, но и поради духовната и културолошка блискост со Русија беше „повикана" како посредник да го ублажи моменталниот спор помеѓу Русија и Западот. Мнозинството граѓани ја поддржаа ваквата улога на државата. Но мнозинството политичари знаат дека е нереално малата Бугарија, која е на работ на сиромаштија, одеднаш да биде позиционирана како голем миротворец на светската сцена. Бугарија и натаму останува поделена по прашањето на политиката кон Русија.

Бојко Борисов игра игри со Русите, а Русија има интерес да има свои луѓе во институциите на ЕУ и НАТО. Неговиот ментален склоп е КГБ-еовски. Неодамнешното протерување на руски агенти е своевидна фарса. Русите го имаат под контѕрола безбедносно-разузнавачкиот систем на Бугарија. Протерувањето на неколку агенти не значи ништо за позицијата на Русија во тие сектори во Бугарија. Но тоа му е важно на Борисов со цел во очите на западот да се прикаже како борец против Русија и нејзините интереси.

Да не ја заборавиме ГЕРБ, партијата на Борисов. Неа ја формираше ЦДУ под покровителство на германската канцеларка Ангела Меркел, која е и негов политички заштитник - а дали е заштитник на неговиот криминал?

Важна улога за Борисов има и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој има јаки врски и влијание врз турската партија ДПС. Ердоган и Русија го поддржуваат Борисов. Улогата на Германија во регионот не може да се оцени како позитивна. Ако земем предвид дека поранешниот германски канцелар Герхард Шредер е клучниот човек на гасоводот „Северен тек" и политичар од доверба за Путин, тогаш не е за изненадување улогата на Германија во Косово, директно спротивставена на американските интереси.

Особено загрижува улогата на кадри од ЦДУ/ЦСУ во криминалните активности во Бугарија, која само од членството во ЕУ од ЕУ има добиено над 40 милијарди евра!

Пропаднатите обиди за наметнување за високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ Кристијан Шмидт е знак дека кон германската политика о регионот треба внимателно да се пристапува. Тука е и заштитничкиот однос кон црногорскиот претседател Мило Ѓуканоиќ.

Актуелната бугарска влада е хибрид на „орбанизам“ и „трампизам“ зачинет со криминал/мафија. Бојко Борисов се обидува со сите да игра „руски рулет“. Поради тоа тој стана недоверлив партнер кому повеќе никој не му верува. Веројатно е дека новата американска администрација ќе ги преиспита односите со Бугарија, заради начинот на дејствувањето и проблематичноста на бугарската влада, која покажуваше нескриена наклонетост кон Трамп и Вишеградската група на држави В4.

Аналитичарите предупредуваат дека руските безбедносно - разузнавачки служби се длабоко инволвирани во безбедносно - разузнавачкиот систем на Бугарија што реално може да ја загрози безбедноста на НАТО, поради што Бугаарија ја нарекуваат „тројански коњ“ на Русија во НАТО. Вклучувањето на Бугарија во размената на разузнавачки податоци од повисоко ниво може да биде ризично за НАТО. Во рамките на системот на НАТО се селектираат и диференцираат разузнавачки податоци, така што Бугарија нема пристап до важните податоци.

Русија не успеа да го спречи влезот на Северна Македонија во НАТО, но сега се обидува преку бугарската блокада, односно преку ставеното вето, да го прологнира почетокот на пристпните преговорите на Северна Македонија со ЕУ. Тогаш, оправдано се поставува прашањето дали Русија преку Бугарија ги остварува своите интереси во регионот. Интересен е фактот дека во Европскиот парламент претставниците на ЦДУ/СДУ гласаа за поддршка на Бугарија, а против предлогот да се упати официјална критика на сметка на бугарската влада заради опструкцијата на почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ. Европската Унија усвои извештај за Северна Македонија, но не го усвои амандманот за „провокативното однесување на Бугарија". Амандманот на Зелените и Социјалистите не беше прифатен заради блокада на пратениците од Европската народна партија и од европските конзервативци ЕПП, каде клучната улога ја имаат пратениците од ЦДУ/СЦУ. Властите во Софија со сите сили и натаму се обидуваат да ги „идеализираат' состојбите во државата, која веќе стана држава-случај внатре во ЕУ и НАТО.

На Бугарија ѝ е потребна темелна декриминализација и демафизација

За формирање на нова влада ќе биде важен коалицискиот капацитет на ДПС, која се поврзува со мафијашките структури и е поблиска до ГЕРБ, која исто така е во односи со тие струтури и функционира како картел. ДПС веќе направи некои хигиенски активности како подготовка за коалиција со ГЕРБ. Со отстранувањето на тајкунот Делијан Пеевски од листата за парламнтот и со продажбата на неговите медиуми, се чини дека станува збор за обиди ДПА да се подготви за прием во облик прифатлив за ГЕРБ.

ВМРО-БНД веројатно останува надвор од изборниот праг и покрај кадровски транфери и темата Северна Македонија која им ја даде на услуга и на сервисирање на ГЕРБ.

Дури и ако ВМРО-БНД успее да влезе во прламентот, а трите партии добијат над 121 глас, проблемот на таквата коалиција уште во стартот ќе биде негативниот кредит. ГЕРБ ќе стане уште поранлив на корупциските скандали на Бојко Борисов, бидејќи ќе зајакне впечатокот дека над него останал чадорот на обвинителството на ДПС. Генерално, врската на ГЕРБ со ДПС, која на јавноста ѝ е позната, ќе биде и јасно потврдена.

Од друга страна, ВМРО-БНД повторно уверливо ќе се разоткрие како приврзок на тандемот ГЕРБ-ДПС. Затоа, тројната коалиција изгледа како договор за политичко самоубиство. На Бугарија ѝ е потребна темелна декриминализација и демафизација, за што досега немаше политичка волја.

Аналитичарите сметаат дека ЕУ и САД ќе најдат опација која ќе претставува иднина за Бугарија, доколку не претсанат оркестрираните напади врз Северна Македонија. Нападите на Борисов врз Северна Македонија се самоубиствен потег, кој ќе има последици како врз него самиот, така и врз Бугарија, бидејќи САД нема да допушти уцени одстрана на Бугарија кон кого било, а особено не кон Северна Мкедонија, која точно со помош на САД стана членка на НАТО.

Аналитичарите сметаат дека претстојните парламентарни избори ќе бидат голема и важна можност бугарските гласачи да им го свртат грбот на општествените деформации и да побараат демократски развој за нужен просперитет и вистинско почитување на европските вредности, вклучувајќи ги тука и добрососедските односи, како и признавањето на и прифаќањетона различностите и плуралноста на современите општества, што во својата суштина е ЕУ. Одржувањето на статус-кво во Бугарија е неодржливо.

(Aнализа на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии ИФИМЕС)

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе