Институт за демократија за Самитот на ЕУ и Западен Балкан во Загреб

ИДСЦ: Дали новата методологија за пристапни преговори е доволен сигнал за нашата јасна перспектива

Декларацијата од Самитот ЕУ-Западен Балкан во Загреб само ја „повторува недвосмислената поддршка за европската перспектива на Западен Балкан“. Нам нѝ преостанува да размислиме дали новата методологија за пристапни преговори, неодамна усвоена и поддржана од сите земји-членки, особено имајќи ја предвид позитивната одлука на Европскиот Совет за отворање на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија, е доволен сигнал за нашата јасна перспектива, се вели во реакцијата на Институтот за демократика социетас цивилис од Скопје (ИДСЦ).

Имајќи ги предвид претходните самити на ЕУ и Западен Балкан (Загреб 2000, Солун 2003 и Софија 2018), ИДСЦС очекуваше дека јазикот употребен во Декларацијата од Загреб од 2020 ќе ја следи линијата на посилна посветеност како онаа во последниот допис на Комисијата од 2020, за интеграциските напори на регионот.

И покрај очекувањата, ИДСЦС констатира дека нема повикување и објаснување на заложбата за редовни самити за Западен Балкан наведени во новата методологија за проширување, ниту временската рамка 2025 предвидена во кредибилната перспектива за проширување од 2018, шестте водечки иницијативи (зајакнато владеење на правото, зголемена поддршка за општествено-економски развој, дигиталната агенда, зајакнато учество во прашањата од безбедноста и миграциите, зголемена поврзаност и поддршка за помирувањето и добрососедските односи), како и Агендата на приоритети од Софија. Најавата за следен Самит на ЕУ и Западен Балкан на секои две години, како што е случајот со Декларацијата од 2018 од Софија или во линија во новата методологија (редовни самити на ЕУ и Западен Балкан), недостасува. Самитот во Загреб ќе беше можност за земјите-членки да го покренат најавеното политичко управување и вклучување на високо ниво во процесот, се вели во реакцијата.

„За навистина да ја изразат искрената посветеност кон европската перспектива на Западен Балакан, поврзување на овој и претходните самити и ветувања е неизбежно и тоа мора да биде вклучено во општата дебата за „Иднината на Европа“. Всушност, конференцијата за иднината на Европа, организирана од потпретседателката на Европската Комисија за демократија и демографија, Хрватицата Дубравка Шуица, ќе биде половична доколку во неа не се вклучени идните членки“.

За ИДСЦ не е изненадување тоа што Декларацијата на Самитот става акцент на сегашниот контекст на глобална пандемија и која „ја повторува нашата (на ЕУ) цврста солидарност со нашите партнери во контекст на кризата со коронавирусот“. Во таа насока, лидерите на ЕУ ја сигнализираа споделената судбина со Западен Балкан вклучувајќи ги шесте држави во механизмот за одговор на кризи, меѓудругото и преку пакет од преку 3,3 милијарди евра финансиска помош за регионот во борбата против ковид-19 и неговите последици за општествата и економиите. „Во добри и лоши времиња“ е мотото преку кое лидерите од ЕУ сакаат да ја изразат нивната заложба за заедничка европска иднина, се вели во реакнијата на Институтот за демократија социетас цивилис - Скопје.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе