Македонско-грчки комитет

Идната година во учебниците нема да има ревизионизам и иредентизам, се надева грчкиот копретседавач Боларис

Во Грција има оптимизам дека може да се спроведе обврската од Договорот од Преспа, дека следната година учебниците нема да содржат иредентизам и ревизионизам, вели грчкиот заменикот министер за надворешни работи Маркос Боларис, кој ја предводи грчката страна во заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти од Северна Македонија и Грција.

Боларис, во интервју за радиото „Практорио фм“ на грчката новинска агенција, објаснува дека можеби спроведувањето нема да биде 100 отсто поради кусото време, но сепак додава дека во новата учебна година, учебниците ќе бидат согласно предусловите на Европската унија за земјите членки, пренесува МИА од Атина.

За последниот состанок одржан пред неколку дена во Скопје, Боларис вели дека разговорите биле добронамерни и дека постојат луѓе кои треба да се надминат себеси бидејќи во изминатите години имало „антинаучна, антиакадемска, антиисториска пропаганда, за да се создаде идеологија“.

„Но, кога некој има квалитет за да каже дека ова не е точно, не се потпира на факти, не е документирано во историски извори, може да оди се напред. Од голема важност е тоа што и според Договорот од Преспа, разговорите врз кои се темелат односите и соработката на двете земји и пријателството на двата народи се водат врз основа на објективни и меѓународно прифатени факти и извори. Ова е оружјето со кое се водат разговорите и затоа можеме да имаме резултат“, вели Боларис.

Тој уште објаснува дека со оглед на тоа дека Грција околу 40 години е членка на ЕУ, грчките учебници многу пати поминале низ сито и решето „за да не постојат иредентистички наводи во кој било правец“.

„Така што многу е тешко да се најдат, јас велам дека не постојат, иредентистички или ревизионистички наводи во нашите учебници. Но, сме отворени ако сакаат да ни дадат некоја забелешка, тука сме да разговараме за тоа, но ќе разговараме врз основа на академската, научната, историската вистина, како што е меѓународно прифатена од меѓународната академска заедница, тоа е нашиот договор“, вели Боларис во интервјуто.

 

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе