Македонска владина делегација кај претседателката на ЕК

Идентитетските прашања за Брисел не смеат да бидат тема, ѝ кажал Заев на Фон дер Лајен

На средбата со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен премиерот Зоран Заев истакнал дека македонскиот јазик и идентитет наметнати како прашања од Бугарија воопшто не смее да бидат тема на разговорите и ангажманот на Брисел и дека Северна Македонија единствено така ќе продолжи да разговара за нејзината европска иднина. Заштита на идентитетот исто така е европска вредност, ѝ кажал Заев, а Фон дер Лајен нагласила дека таа се залага Северна Македонија и Албанија, заедно да ги продолжат преговорите.

Премиерот Зоран Заев во рамките на неговата посета на Брисел оствари средба со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, на која присуствувале заменик- вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, соопшти Владата, на кој тој упатил порака Комисијата уште поактивно да се вклучи во изнаоѓање решение за деблокада на процесот за почеток на преговорите на ЕУ со Северна Македонија.

Премиерот Заев уште нагласил дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет наметнати како прашања од Бугарија воопшто не смее да бидат тема на разговорите и ангажманот на Брисел и дека Северна Македонија единствено така ќе продолжи да разговара за нејзината европска иднина.

„Македонскиот идентитет освен што е прашање на гордост, тоа е и прашање на факти, наука, традиција и национално обележје на нашиот народ. Тој не е и нема да биде предмет на преговори. Европските вредности се водилка за нас, но заштита на идентитетот исто така е европска вредност", порачал на средбата Заев.

Тој информирал Македонија ги спроведе сите реформи, дека нивната имплементација е предмет на неколку процеси за примена на европските стандарди дома и дека се исполнети сите критериуми на ЕУ за отворање на процесот за членство.

На средбата со премиерот Заев, како што се вели во владиното соопштение, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен потврди дека ЕК ќе се вклучи уште повеќе со суштински и посветен ангажман.
„Како што рече таа, ова е многу важен процес кој не смее да го одложи стартот на преговорите со Северна Македонија за членство во ЕУ, и дека таа се залага за двете земји, Северна Македонија и Албанија, заедно да ги продолжат преговорите без натамошно одложување“, се вели во соопштението од средбата.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе