Идентитетот и јазикот не може да бидат предмет на преговори, вели Арсовски

Владата смета дека одвојувањето на Албанија и Северна Македонија не е во ничиј интерес и дека непринципиелноста од страна на ЕУ може да има последици за целиот регион. Двете земји треба да одат заедно низ целиот процес на интеграција на Западен Балкан и да се помагаат, изјави денеска владиниот портпарол Душко Арсовски.

Тој истакна дека друга алтернатива освен европската иднина за Северна Македонија и за Западен Балкан не постои и оти аспирација на нашата земја е да стане членка во ЕУ. Но, како што рече, македонскиот јазик и македонскиот идентитет наметнати како прашања од Бугарија воопшто не смеат да бидат тема на разговорите и ангажманот на Брисел. Северна Македонија, нагласи Арсовски, единствено така ќе продолжи да разговара за нејзината европска иднина.

„Премиерот Заев на средбите во Брисел беше јасен. Идентитетот и јазикот не смеат во ниту еден случај да бидат предмет на преговори. Државата ги спроведе сите реформи, нивната имплементација е трната преку процесот за европските стандарди дома, исполнети се сите критериуми на ЕУ за отворање на процесот на преговори за членство. Македонија како никој досега заслужува да биде членка на ЕУ“, рече Арсовски одговарајќи на новинарско прашање на редовната прес-конференција.

Според него, доказ за тоа е и што Северна Македонија има покажано европско однесување и вредности и дома и во регионот, но и во односите со самата Унија.

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе