Османи во Софија

Идентификацијата на телата на загинатите треба да заврши до крајот на неделата, а државата ќе организира пренесување на останките

Обдукцијата на телата на загинатите во автобуската несреќа се очекува да заврши до крајот на денот, а идентификацијата до крајот на неделата по што државата ќе организира пренесување на останките во Скопје, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи. 

Османи, кој и денеска е во Софија, во изјава за МИА кажал дека во постапките за обдукција се вклучени и експертите од Институтот за судска медицина од Скопје, кои од вчера се наоѓаат во Софија. 

„Јас штотуку се слушнав со професорите кои се дојдени во Софија. Информиран сум дека се тие веќе дел од процесот, веќе се во сала таму каде што се прават обдукциите и се очекува дека можеби и во текот на денот таа фаза од процесот да заврши, но сепак, идентификацијата на телата преку ДНК може да одземе неколку денови, дури и до крајот на неделата, што значи дека дури тогаш ќе може државата организирано да ги пренесе телата во Скопје. Со ова сакам да упатам порака дo семејствата кои се тука во Софија дека тој процес ќе го организира државата во моментот откако ќе се заврши идентификацијата, а тоа може да одземе неколку дена и затоа бараме разбирање за да се вратат во Скопје, а ние тука ќе продолжиме со организација од сите аспекти за еден достоинствен транспорт на останките во Скопје“, рече Османи. 

Роднините на пациентите згрижени во болницата му кажале дека се задоволни од третманот на медицинскиот персонал.

Османи уште додаде дека институциите од двете земји се координирани од сите аспекти и во делот на правда, здравствените институции, но и во надворешната политика. Тој се надева дека оваа координација ќе ја забрза целата постапка за што побрзо да се разрешат сите аспекти од оваа трагедија.

„Истрагата е во тек, координацијата е воспоставена и како ќе бидеме информираме така ќе ја известуваме и јавноста“, изјави Османи.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе