Предвремени парламентарни избори

И Заев и Мицкоски очекуваат убедлива победа на изборите

Очекуваме убедлива изборна победа, освојување парламентаано мнозинство над 61 пратеник со што ќе може да се формира влада без условувања, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев на вечерашниот телевизиски дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на МТВ.

„Јас сум убеден дека ќе добиеме огромно мнозинство, не е невозможно да добиеме и парламентарно мнозинство од 61 пратеник, ние ја имаме најшироката мултиетничка комплетна коалиција со сите етнички заедници застапена внатре, но убеден сум дека ќе има доволен број голем на пратеници за да можеме без каков било услов да со другите преговараме сочинувајќи парламентарно мнозинство и новата македонска влада“, изјави Заев.

Во изборна победа верува и Мицкоски, но вели, сега не сака да зборува за бројки. Очекува ВМРО-ДПМНЕ да добие убедлива поддршка од граѓаните и да го порази СДСМ на 15 јули.

„Јас тоа го кажав и на една емисија која што беше пред некој ден. Јас не би сакал да зборувам за бројки, туку би сакал да зборувам повеќе за суштина затоа што бројките ќе ги видиме егзантно кога ќе дојде 15 јули ќе видиме каква е волјата на граѓаните. Јас сум убеден во победата на коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, претпоставувам нашиот политички противник е убеден дека тие ќе бидат тие коишто ќе победат и сега тука знаете се создава еден вид какафонија“, рече Мицкоски.

Во однос на кризата со коронавирусот според Заев, државата добро се справува што е потврдено и од домашни и од странски експерти, додека според Мицкоски поради лошо менаџирање од страна на властта државата е рекордер според бројот на заразени и починати.

„Светската здравствена организација, домашните експерти и многу други потврдија дека ние имаме објавување на чесни бројки, транспаретни во врска со корона вируспот… Комисијата за заразни болести, без разлика дали има или нема избори, сакаше отворено од самиот почеток да ја известува јавноста.

Лекарите и сите медицински сестри се храбри јунаци кои работат 24 часа на ден, насекаде, низ сите болници. Мене ми е драго што успеваат да спасат пациенти од респиратори, што нема метежи низ болниците, што имаат направено систем на ротација за да се покријат во смените. Најмалку што можеме е да ги наградиме 10 отсто сите здравствени работници, а како иден премиер ќе предложам до претседателот да се им се додели медал за храброст“, кажа Заев.

Тој го обвини Мицкоски дека наместо да помагаат во актуелната коронакриза, опструираат и ги негираат резултатите на здравственииот систем.

Мицкоски реплицира дека поради лошото менаџирање со кризата, ние сега сме рекордери по бројот на заразени и починати од Ковид-19.

„Во мај прогласивме победа врз пандемијата, а сега имаме рекордни бројки на заразени и починати“, истакна Мицкоски.

Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ предлагала мерки уште во февруари, но власта брутално ги одбила.

„ВМРО-ДПМНЕ предлагаше мерки уште од 26 февруари, предлагаше сет на мерки во делот на здравствената заштита, како и сет на мерки коишто ќе ги опфатат и економијата и бизнисот и реалниот сектор. Ниту еден предлог на министерот Наќе Чулев не беше сослушан, а камо ли прифатен, ниту се отворила дискусија за предложените мерки од страна на опозицијата“, рече Мицкоски.

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе