И Велика Британија го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО

По Италија, денеска и Велика Британија ја заврши постапката за ратификација на Протоколот за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО.

Во Велика Британија, постапката за ратификација на Протоколот почнува од владата, а завршува во Парламентот. Веста дека и Велика Британија го ратификува Протоколот, повторно ја пренесе министерката за одбрана Радмила Шекеринска преку социјалните мрежи.

„Убав ден! И Велика Британија штотуку ја заврши националната процедура за ратификување на нашиот НАТО Протокол! Благодариме“, напиша Шекеринска на Фејсбук.

Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб на Твитер информираше дека е завршена ратификацијата на Протоколот за Северна Македонија.

„Се радувам на приклучувањето на РСМ на НАТО-фамилијата и на учеството на состанокот на НАТО-лидерите во Лондон, заради промоција на меѓународните мир и безбеднос“, напиша Раб.

 

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе