Скопје

И вечерва протести против промена на името

Вечерва продолжија протестите пред Собранието на Република Македонија, а демонстрантите бараа прекин на разговорите за промена на името.

Поради протестот на здруженија на граѓани, блокиран е булеварот 11 Октомври пред зградата на Собранието, каде што има полициски кордон.

Протестантите побараа веднаш да прекинат сите активности за промена на името и Уставот, кои се штетни за државата. На протестот се пееја патриотски песни, а се извикуваше и името на претседателот Ѓорге Иванов.

Како што изјавија дел од учесниците на протестот, граѓаните треба да покажат дека тие одлучуваат за својата и иднинатата на државата. 

„Секој граѓанин без оглед на националноста и политичката определба треба да учествува на протестите и да се спротивстави на договорот, ова се критични времиња за државата, да им се спротивставиме на неодговорните политичари“, беа дел од пораките на протестот.

За време на вчерашниот протест, полицијата приведе 10 лица кои фрлаа шишиња, шипки, и молотов коктел кон полицајците и собраниската зграда. 

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе