И Унгарија го поздрави потпишувањето на Протоколот за прием на Македонија во НАТО

Унгарската Влада го поздравува потпишувањето на протоколот за прием на Република Северна Македонија во НАТО, соопшти денеска амбасадата на Унгарија во Скопје.

„Ова претставува уште едeн значаен чекор во процесот на пристапување на Република Северна Македонија во Алијансата и придонесува за зајакнување на стабилноста и безбедноста не само на земјата, туку и на регионот на Западен Балкан, како и на евроатлантската заедница како целина“, пишува во соопштението.

Унгарската Влада, како што се додава во соопштението, се надева дека со брзата ратификација на Протоколот од страна на земјите-членки на НАТО, Република Северна Македонија многу брзо ќе стане полноправна членка на Севрноатлантската алијанса.

 

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе