Овој случај на СЈО се однесува на уништување на изборен материјал, а обвинети се координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури, член на Општинската изборна комисија за општина Чаир.
Датумот за почеток на судењето дополнително ќе бидат одредени.
Ејуп Алими во јуни во писмена изјава за Алсат М соопшти дека ќе соработува со органите на правдата за да се докаже вистината во врска со покренатите обвиненија.
„Убеден сум дека ова обвинение за кое дознав од медиумите нема никаква основа, но мислам дека независноста на оваа институција е најдобар начин да се докаже вината или невиноста на секој човек. Останувам во служба на правдата. Во меѓувреме очекувам да се почитува презумпцијата на невиност, додека тоа не се потврди во судска постапка“, изјави Алими.
СЈО тогаш бараше притвор и за Исмет Гури за дела поврзани со изборни нерегуларности.