Во јужна Србија цвета илегален бизнис

И тестовите за коронавирусот се фалсификуваат, во Ниш негативен тест чини 50 евра

Македонските превозници што се приморани при влез во Македонија да покажат ПЦР-тест за ковид-19 не постар од 72 часа, предупредуваат дека во јужна Србија тоа станува добар илегален бизнис. Негативни ПЦР-тестови може да се купат дури и на бензинска пумпа кај Врање.

Македонските граѓани што во татковината се враќаат преку аеродромот во Ниш на македонските безбедносни служби им пријавиле дека уште на самиот аеродром имаат можност за 50 евра да купат фалсификуван негативен ПЦР-тест.

И превозниците што влегуваат во Македонија на граничниот премин Табановце пријавуваат дека за 65 евра таков негативен тест без проблем можат да купат по бензинските пумпи кај Врање.

Според протоколот, секој македонски граѓанин при влез во земјата треба да покаже негативен тест не постар од 72 часа, а ако нема, ќе биде испратен во 14-дневен државен карантин.

Веќе има и предлог до Владата да се овозможи тестирање, земање брисеви, на граничните премини, а акредитираните лаборатории потоа резултатите електронски да ги праќаат по премините.

А.Д.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе