Локални избори

И сопругот на Данела Арсовска има бугарска лична карта, изјавија од СДСМ

Пратеничката Славјанска Петровска денеска, на нова прес-конференција во СДСМ објави дека не само што бугарско државјанство и бугарска лична карта има Данела Арсовска, туку дека бугарска лична карта има и нејзиниот сопруг Ангел Арсовски. Неговата лична карта е издадена во иста година како и таа на неговата сопруга, рече Петровска и порача дека Арсовска како што со лаги ја започна својата кампања за градоначалничка на Скопје, дека така, со лаги и ја завршува.

„Данела Арсовска ги лаже граѓаните. Целата лажна слика што се обидуваше да ја креира околу себе кандидатката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, падна во вода. Во овој случај, не е важно Даниела како се чувствува, Северна Македонија е татковина за сите. Но, проблемот е што Данела Арсовска ги лаже граѓаните, има нечесен и неискрен пристап кон нив. Ако Данела лаже и крие за нејзиното бугарско државјанство, можете да замислите што се друго крие и лаже“, рече Арсовска.

Таа нагласи дека денеска СДСМ објавува нови докази поврзани со овој скандал, со овој сплет, како што рече, на лаги на Арсовска кој целосно е демаскиран.

„Не само Арсовска, целото нејзино семејство има бугарско државјанство. Ова е Удостоверението на Ангел Арсовски, сопруг на Арсовска, издадено 2010 година. Идентично исто како и Арсовска, и Арсовски има бугарска лична карта. Со име и презиме, со номер, со гражданство. Бугарската лична карта на Ангел Арсовски е издадена еден месец пред бугарската лична карта на Данела, односно на трети април 2017 година. И неговата исто како и онаа на Данела е се уште важечка“, рече Петровска.

Таа нагласи дека валидноста, односно веродостојноста на овие документи се потврдува преку официјалната интернет страница на Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија.

„Со внесување на датум на раѓање и број на документ, во овој случај двете лични карти, има официјална потврда за нивната валидноста. Госпоѓо Арсовска, со лаги за започнавте кандидатурата, со лаги ја започнавте кампањата, со лаги ја завршувате. Ги излажавте скопјани, не сте независна, целото режимско ВМРО-ДПМНЕ стои зад вас“, рече Петровска.

Таа додаде дека е очигледно дека Данела Арсовска долго време има длабоки врски со други држави, со Унгарија и со Бугарија и го постави прашањето:

„За чии интереси работи Данела Арсовска? Арсовска е зависна од други држави, за мотиви за кои треба таа лично самата да ги соопшти на граѓаните. Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ е иста како и нејзината партија. Затоа, почитувани граѓани, скопјани, во недела да се обиденеме и да гласаме за напредокот, за чесноста и искреноста, за СДСМ. Да не дозволиме луѓе кои вака безочно лажат додека ве гледаат во очи да го уништуваат главниот град Скопје, да ја уништуваат нашата татковина".

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе