Софија

И Радев разговараше со Макрон, бугарскиот претседател очекува конкретни резултати од Македонија

Европската перспектива на земјите од Западен Балкан, последиците од случувањата во Украина и променетата безбедносна ситуација во Европа беа темите на телефонскиот разговор меѓу бугарскиот претседател Румен Радев и неговиот француски колега Емануел Макрон. Денеска на овие теми телефонски разговараа и македонскиот премиер Димитар Ковачевски и Макрон.

Секоја земја-кандидат за членство во ЕУ мора да ги почитува европските вредности поврзани со правата на нејзините граѓани, а Бугарија во овој поглед очекува конечни резултати од Република Северна Македонија за да се согласи за почеток на преговори, му рекол на Макрон шефот на бугарската држава, пренесе кабинетот на Радев.

Бугарија и Република Северна Македонија, рекол Радев, се договориле да изготват патоказ со краткорочни и долгорочни цели, а имплементацијата на овие цели ќе го унапреди процесот на европската интеграција на нашиот југозападен сосед. Но, резултати во оваа насока нема, рекол бугарскиот претседател и додал дека бара конкретни чекори, резултати и правно обврзувачки гаранции.
Претседателот Емануел Макрон ја изрази подготвеноста на Франција да ја поддржи Бугарија со цел воздухопловните сили на земјата да не ги загубат своите одбранбени способности додека не ги добијат борбените авиони Ф-16 што ги нарача Бугарија.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе