ВО 13 Ч. ПРЕД СУД, ВО ПЕТ ДО ДВА ПРЕД ВЛАДАТА

И #Протестирам ќе се приклучи во утрешниот масовен протест против власта

Со потсетување на долгогодишниот отпор на сите граѓани и граѓанки за правда и слобода, #Протестирам повикува на протестен собир на 17 мај во 13 часот пред Основниот суд 1, во Скопје и заеднички марш до Владата на Република Македонија, кој симболично ќе почне во пет до два, соопшти движењето #Протестирам, иницијатива составена од повеќе пленуми и здруженија, која во последнава недела ги привлече обичните граѓани на протести „секој ден во 6“ пред Владата и Собранието.

„На вечерниот собир пред Парламентот по протестите на 15 мај, граѓанките и граѓаните што протестираат секој ден во шест од 5 мај се согласија да излезат на протестот на 17 мај. Протестот ќе започне во 13 пред Основниот суд 1-Скопје. Заедно со Студентскиот пленум, пред Судот ќе се повика на ослободување на политичките затвореници од 5 мај наваму. Оттаму, во заеднички марш, како потсетување на долготрајната и здружена борба на сите граѓани и граѓанки, во 13:55 ќе се упатиме кон Владата на Република Македонија. Нагласувајќи ја автентичноста на движењето,граѓанките и граѓаните од #Протестирам ќе се соберат повторно и во 18, на пристапот кон Владата на булеварот „Климент Охридски“, како и секој ден од 5 мај наваму“, се вели во соопштението до медиумите.

Оваа одлука е резултат на хоризонталната поставеност на движењето и желбата да се промовира еднаквост во одлучувањето, одлучување во кое се вклучени сите и кое ќе ја задржи различноста на сите што стојат зад барањата на #Протестирам и зад кои се обединија, вели движењето.

За потсетување, #Протестирам е автентично самоорганизирано движење, во кое се здружени граѓанки и граѓани со три главни барања и линии на дејствување:

1. итна оставка и преземање на политичка и правна одговорност на целата влада на чело со Никола Груевски за неуставното, корумпирано и неетичко владеење;

2. итно ослободување на сите активисти притворени од 5 мај наваму;

3. формирање влада за демократизација на институциите и овозможување на фер и демократски избори.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе