Апел до ВМРО-ДПМНЕ да ја отстрани блокадата со амандмани

И претходниците на Филипче согласни дека треба да се гради нов клинички центар

Сѐ друго освен изградба на нов клинички центар ќе биде само парцијално решение кое нема да ги задоволи потребите на граѓаните, изјави министерот за здравство Венко Филипче по средбата со поранешни министри за здравство од кои добиле едногласна согласност дека на државата ѝ е потребен сосема нов центар. Некоректно е однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ со 2 илјади неконструктивни амандмани да оневозможува почеток на изградба на Клинички центар, рече Филипче.

Филипче информира дека денеска во Клубот на пратениците имал состанок со поранешни министери за здравство за проектот за нов клинички центар, со цел, како  што рече, да се споделат мислења,искуства и идеи.

„Имавме консензсус дека предолго, над 20 години се разговара за нов клинички центар. Сметаме дека граѓаните заслужуваат да се изгради ваков нов центар. Секое друго решение е само парцијално решение, можеме се разбира да разговараме и за други решенија, но нашиот став е дека парцијалните решенија нема да донесат суштинско подобрување на здравствените услуги“, рече министерот.

„Конечно тоа прашање треба да се затвори, зашто само нов Клинички Центар на ново место како гринфилд инвестиција нуди нов тип на здравствена услуга. Тоа се нуди насекаде во развиениот свет, во Западна Европа, САД и во сите други развиени земји во светот, а тоа е интегриран тип на здравствена услуга“, рече Филипче.

Филипче оцени дека однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ кон законскиот проект за изградба на нов клинички центар е некоректно и дека нема право на граѓаните да им се ускратува можноста да добија нов клинички центар.

„Некоректно е да се поднесат две илјади неконструктивни амандмани. Тоа е неоправдано и претставува злоупотреба на политичката позиција. Ги повикувам да разговараме, да ги предочиме фактите и да најдеме излез од состојбата во интерес на граѓаните. Можеме да разговараме на Комисијата за здравство во Собранието или на јавна дебата којашто на крајот од месецот ќе ја организираме во Собранието со учество на сите чинители кои треба да дадат коментар по ова прашање“, нагласи министерот за здравство Венко Филипче.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе