Измени во Изборниот законик

И пратеникот Рамчиловиќ е за една изборна единица

Измените во Изборниот законик на Македонија со кој се предвидува укинување на шестте изборни единици и формирање на една изборна единица на територијата на државата е од исклучително значење за развојот на демократијата и почитувањето на волјата на граѓаните на изборите, смета независниот пратеник Зеќир Рамчиловиќ, претставник на Бошњаците во Македонија.

„Со ова се создаваат поголеми можности за во моментот помалите политички партии  за самостојно учество на избори и освојување на мандати. Сакам во овој момент да изразам благодарност и до иницијаторот пратеникот Павле Трајанов за  транспарентноста и инклузивноста во подготовката на овој закон, во кој процес побарав загарантирани места за помалкубројните заедници. Врз основа на моите забелешки додаден е нов член 127-б за заедниците под 20%, но истиот не гарантира самостојно обезбедување на пратеничкиот мандат на сите заедници.

Точно е дека овој модел освен на помалите партии, нуди и поголеми можности за партиите на  помалкубројните етнички заедници, но не е целосно праведен и нема да овозможи развивање на  мултиетничкото општество. Односно предложениот изборен законик овозможува еднаквост, но  не овозможува праведност. Овој предлог закон за Турците, Ромите и Србите овозможува самостојно освојување на пратенички места, додека Бошњаците и Власите ќе останат по страна од  овие процеси со што дополнително ќе ја изгубат политичката моќ.

Поради тоа како пратеник од бошњачката заедница предлагам освен една изборна единица, за помалкубројните етнички заедници под 20% во вкупното население да се обезбедат загарантирани пратенички места согласно Уставот на РС Македонија. Според Уставот бројот на пратениците во Собранието на РСМ изнесува од 120 до 140 пртаеници. Има две можности (за предложените бројки може дополнително да се договара):

1. Во моментот според Изборниот законик предвидени се 120 пратеници и 3 пратеници од  дијаспората, односно преостанатите места да бидат распределени на помалкубројните етнички  заедници.

2. Со цел бројот на пратениците да не се зголемува, предлагаме составот да биде 105 пратеници + 15 пратеници од помалкубројните етнички заедници под 20% и под сегашните услови 3 пратеници  од дијаспората.

Со ова ќе се унапреди положбата на етничките заедници кои се под 20 % од вкупното население  во Собранието на РС Македонија. Ова е дел од залагањата на повеќе здруженија, пратеници од  немнозинските етнички заедници, како и на двете најголеми партии и пратенички групи во  минатото. Според горенаведеното верувам дека може да се направат дополнителни промени со  кои ќе се подобри законското решение кое ќе овозможи гарантирана и правична застапеност на етничките заедници кои се под 20 % од вкупното население во Собранието на Република  Македонија.

Изборниот законик се поднесе во собраниска процедура без воведување на гарантирани места за  сите. Во собраниска процедура ќе ги искористам сите деловнички можности преку амандмани да го подобрам законското решение со цел да биде поправедно за што ќе продолжам да разговарам  и да барам подршка од пратениците и јавноста“, се вели во писмената изјава на Зеќир Рамчиловиќ.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе