Од седницата за пратенички прашања

И пратеникот Милошоски не доби одговор од премиерот за случајот со Онишченко

Исто како и на прес-конференцијата утрово, така и потоа на собраниската седница посветена на пратенички прашања премиерот Димитар Ковачевски не даде одговори поврзани со добивањето на државјанство на руско - украинскиот олигарх Олександар Онишченко на пратеничко прашање од Антонијо Милошоски. Пратеникот праша дали Ковачевски бил информиран од директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски дека Онишченко има државјанство и дали знаел дека ветил снабдување со руски гас. 

„За 20 дена од денеска Агенцијата за национална безбедност ќе има нов директор. Вчера, Владата одржа затворена седница на која директорот информираше за случајот со добивањето на македонско државјанство на Украинецот Олесандар Онишченко. Не сум во можност да ви дадам повеќе информации бидејќи седницата беше затворена. Имаше соопштение од страна Владата во врска со заклучокот за одземање на државјанството“, одговори Ковачевски, а тој одговор беше даден и на прес-конференција претходно.

Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ го праша дали во овие пет месеци откако е премиер знаел за Онишченко, односно дали директорот на АНБ Димовски го информирал.

Откако премиерот не одговори директно на прашањето, пратеникот Милошоски рече дека Ковачевски морал да биде информиран дека му е доделено државјанство на Онишченко, посочувајќи дека тој е четврти на црната листа на САД, посочен како разузнавач на рускиот претседател Владимир Путин.

Онишченко, според Милошоски, има воспоставено врски во земјава уште кога Зоран Заев беше премиер за да носи гас. Тоа, како што кажа, го знаел Ковачевски, но не смее да каже поинаку.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе