На празникот на независноста

И покрај обидот на Ципрас да го забрани маршот „Македонија славна“, вчера од петни жили го пееше цела Грција (ВИДЕО)

Според грчките медиуми, владата на Сириза и грчкиот премиер Алексис Ципрас се обиделе да забранат воениот националистички марш „Македонија славна“ (Македонија ксакусти) официјално да се свири вчера на парадата на Денот на независноста на Грција, велејќи дека тоа би го навредило „соседно Скопје“, меѓутоа, Грците низ целата земја се собирале и ја пееле песната, поттикнувајќи силни емоции и гордост меѓу толпите што испраќале „јасна порака до грчката влада дека Македонија е грчка“.

На авенијата Амалијас, официјалната морнарица ја свирела „Македонија славна“ непосредно пред почетокот на големата воена парада, а граѓаните на грчкиот главен град не престанале да пеат додека ги вееле грчките знамиња.

Дури и кога завршила парадата, народот се собирал на авенијата Амалијас и ја пеел „Македонија славна“ најгласно што може, „давајќи им на знаење на сите присутни политичари дека нема да прифатат да им се забрани да ја пеат познатата песна“.

Неколку секунди откако поминале пред функционерите и се упатиле кон улицата Панепистиму, и голем број од војниците ја искористиле можноста да ја пеат „Македонија славна“, а толпата почнала да им аплаудира и да се приклучува.

Славна Македонија или Позната Македонија е песна што Грците во Егејска Македонија ја сметаат за патриотска и неофицијална химна на тој регион. Песната се изведува на паради и национални грчки прослави, антикомунистичка е и во еден нејзин дел се опеани грчките подвизи за припојување на Егејска Македонија кон Грција.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе